Студиите на третиот циклус по геодезија во рамките на Градежниот факултет – Скопје за прв пат се организираат во студиската година 2021/2022. Главната цел на студиската програмата на трет циклус студии по геодезија е да понуди напредни мултидисциплинарни знаења од полето на геодезијата и клучните нејзини области и подобласти.

Раководител на Советот за докторски студии по геодезија e вонр. проф. д-р Златко Богдановски.

Технички секретар на Советот за докторски студии по геодезија е м-р Томе Геговски.

 

Карта на студиска програма за геодезија

Вид на програма Докторски студии по геодезија (трет циклус)
Назив на студиската

програма

Македонски Трет циклус -докторски студии по Геодезија
Англиски Third cycle – PhD studies in Geodesy
Акроним ГД
Институција

предлагач

Градежен факултет при

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје

Траење 3 години (6 семестри)
ЕКТС 180 кредити

1. Обука за истражување и едукација – 42 ЕКТС – кредити

2. Изработка на докторска дисертација – 138 ЕКТС – кредити

 

Јазик Македонски – Англиски
Назив на дипломата македонски Доктор на технички науки
англиски Doctor of Technical Sciencies

 

Студиската програма за трет циклус студии по геодезија по обем е организирана во соглас-ност со Законот за високото образование, како и Правилникот за трет циклус студии при УКИМ. Студиската програма се состои од два главни дела:

  1. Обука за истражување и едукација во обем од 42 ЕКТС – кредити.
  2. Изработка на предлог докторски проект, истражување, учество на годишни конферен-ции и семинари, мобилност, учество на меѓународни собири, изработка и одбрана на докторска дисертација во обем од 138 ЕКТС – кредити.

Обука за истражување и едукација

Организираната академска обуката за истражување и објавување резултати се состои од три предмети за стекнување генерички знаења и вештини за истражување, што изнесува 12 ЕКТС-кредити и тоа:

  • Етика во научноистражувачката работа (3 EKTС);
  • Методологија на научно истражувачка работа (3 EKTС);
  • Eден предмет од листа на изборни предмети од третата група предмети за стекнување на генерички знаења и вештини за истражување – Универзитетска листа на изборни предмети од трет циклус на студии (6 EKTС).

Делот на едукацијата опфаќа предмети од полето, пошироката и потесната област на истражување, што изнесува 30 ЕКТС – кредити.

Наставните предмети од делот за Едукација на студиската програма од трет циклус студии по геодезија се поделени во три групи:

  • Група A – наставни предмети од областите на математика и иформатика;
  • Група Б – наставни предмети од пошироката област на истражување и
  • Група В – наставни предмети од потесната област на истражување.

Активности во прв семестар од докторските студии

1 Семестар
Р.Б. Код Тип на предмет Наставен предмет ЕКТС Припадност

согласно ЗВО

1 1.1 Задолжителен Етика во научноистражувачката работа 3 Академска обука
2 1.2 Задолжителен Методологија на научноистражувачка работа 3 Академска обука
3 1.3 Изборен Предмет за стекнување генерички знаења и вештини за истражување од универзитетска листа на изборни предмети 6 Академска обука
4 1.4 Изборен Предмет за стекнување на напредни знаења од група А 6 Академска обука
5 1.5 Изборен Предмет за стекнување на напредни знаења од група Б 6 Академска обука
6 1.6 Изборен Предмет за стекнување на напредни знаења од група В 6 Академска обука
Вкупно : 30  

 

Активности во вториот семестар од докторските студии

2 Семестар
Р.Б. Код Тип на предмет Наставен предмет ЕКТС Припадност

согласно ЗВО

1 2.1 Изборен Предмет за стекнување на напредни знаења од група В 6 Академска обука
2 2.2 Изборен Предмет за стекнување на напредни знаења од група В 6 Академска обука
3 2.3 Задолжителен Истражувачка работа под менторство (подготовка на предлог проект за докторски труд) 14 Независен истражувачки проект под менторство
4 2.4 Задолжителен Прва годишна конференција 4 Предавања и друг вид на комуникациски активности
Вкупно : 30  

 

Делот на едукацијата како што беше погоре истакнато е во обем од 30 ЕКТС кредити и опфаќа пет наставни предмети кои ги избира кандидатот во договор со менторот:

  • Еден наставен предмет од група А, од областите на математика и информатика; (Во зависност од потребите на кандидатот и во согласност на менторот, изборот на предмет од областа на математика и информатика може да се спроведе на друга единица од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на друг државен универзитет, или на универзитети во Европа и светот со кои Универзитетот има склучено билатерални договори за соработка).
  • Еден наставен предмет од група Б, од пошироката област на истражување и
  • Три наставни предмети од група В, од потесната област на истражување.

 

Едукацијата се спроведува од страна на Градежниот факултет во Скопје. Дел од едукацијата, по избор на кандидатот, а со согласност на менторот, може да се спроведе на друга единица од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на друг државен универзитет, или на универзитети во Европа и светот со кои УКИМ има склучено билатерални договори за соработка.

 

Aктивна истражувачка работа и изработка на докторска дисертација

 

Во вториот семестар, почнувајќи со подготовка на предлог-проект за докторскиот труд, кандидатот започнува со изработката на докторската дисертација, што ги опфаќа следниве активности:

  • независен истражувачки проект за изработка на докторскиот труд под менторство (докторски проект), што содржи истражувачка работа под менторство и поднесување на предлог-докторски проект за изработка на докторски труд и се вреднува со 41 ЕКТС-кредити;
  • меѓународна мобилност, најмалку еднонеделен престој, што се вреднува со 6 ЕКТС-кредити;
  • предавања и друг вид комуникациски активности, што содржи учество на семинари и конференции, што се вреднува со 18 ЕКТС-кредити;
  • објавување во референтни научни публикации и активно учество на меѓународни собири во врска со докторскиот труд, што се вреднува со 27 ЕКТС-кредити;
  • изработка и јавна одбрана на докторски труд врз основа на докторски проект, што се вреднува со 46 ЕКТС-кредити.

 

Активности во трет семестар од докторските студии

3 Семестар
Р.Б. Код Тип на предмет Наставен предмет ЕКТС Припадност

согласно ЗВО

1 3.1 Задолжителен Предлог – докторски проект 27 Независен истражувачки проект под менторство
2 3.2 Задолжителен Прв докторски семинар 3 Предавања и друг вид на комуникациски активности
Вкупно : 30  

 

Активности во четврти семестар од докторските студии

4 Семестар
Р.Б. Код Тип на предмет Наставен предмет ЕКТС Припадност

согласно ЗВО

1 4.1 Задолжителен Изработка на докторски труд 20 Изработка и јавна одбрана на докторскиот труд врз основа на докторскиот проект
2 4.2 Задолжителен Меѓународна мобилност 6 Меѓународна мобилност
3 4.3 Задолжителен Втора годишна конференција 4 Предавања и друг вид на комуникациски активности
Вкупно : 30  

 

Активности во петти семестар од докторските студии

5 Семестар
Р.Б. Код Тип на предмет Наставен предмет ЕКТС Припадност

согласно ЗВО

1 5.1 Задолжителен Активности за објавување на два труда во референтна научна публикација 20 Објавување во референтни научни публикации и активно учество во меѓународни собири во врска со докторскиот труд
2 5.2 Задолжителен Учество на меѓународен собир 7 Објавување во референтни научни публикации и активно учество во меѓународни собири во врска со докторскиот труд
3 5.3 Задолжителен Втор докторски семинар 3 Предавања и друг вид на комуникациски активности
Вкупно : 30  

 

Активности во шести семестар од докторските студии

6 Семестар
Р.Б. Код Тип на предмет Наставен предмет ЕКТС Припадност

согласно ЗВО

1 6.1 Задолжителен Трета годишна конференција 4 Предавања и друг вид на комуникациски активности
2 6.2 Задолжителен Одбрана на докторскиот труд 26 Изработка и јавна одбрана на докторскиот труд врз основа на докторскиот проект
Вкупно : 30  

 

Документи и корисни линкови