ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТСЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕНСЕМЕСТАР НА I ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2024/2025 ГОДИНА
Фев 5, 2025
Hristijan Dimov
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТСЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕНСЕМЕСТАР НА I ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2024/2025 ГОДИНА
Запишувањето на летниот семестар во iknow системот е задолжително пред да ги донесете документи на шалтерите на студентскиот оддел во период 10-20.февруари 2025.
За студентите на прв циклус на студии на Градежниот факултет во Скопје, од сите студиски програми, запишувањето на летен семестар, во учебната 2024/2025година, на шалтерите на студентскиот оддел ќе се врши во период од 19.2.2025 до 25.2.2025 од 10,30 до 13,30 часот и тоа по следниот распоред:
19. февруари – втор семестар, прв циклус, градежништво
20. февруари – четврти семестар, прв циклус, градежништво
21. февруари – шести семестар, прв циклус, градежништво
24. февруари – геотехничко инженерство
25. февруари – геодезија
Потребни документи и уплати:
• Индекс (пополнет со предмети за летен семестар);
• Пријави за испити во хартиена форма за сите предмети кои ги запишувате во летен семстар (пополнети со основните податоци, кои важат за наредните 3 сесии);
• Уплатена партиципација од 6.200/12.400 ден. за семестар за студентите во државна квота или според бројот на запишани кредити (1 кредит = 207/413 ден)преку iknow системот или вирмански на Градежен факултет Скопје жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник1600104219 788 15 приходна шифра 723012, програма 41, цел на дознака: партиципација и бр. на индекс!
• Уплатени 100 ден. за ел. обрасци за запишување и заверка на летен семестар 24/25 година преку iknow системот или вирмански на УКИМ жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41, цел на дознака: ел. обрасци и бр. на индекс!
• се препорачува електронско уплаќање, преку iknow системот!
Плаќање на рати е дозволено вирмански за вкупна сума над 10000 денари, и тоа на две рати, при што првата рата се плаќа при запишувањето, а втората до 15 април 2025 г. Студентот поднесува и архивски заверена молба во прилог на документите, со уплата од 100 денари, по молба, во која ја наведува причината за плаќањето на рати, и вкупната сума.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ!!
• Студентите кои запишуваат предмет по трет пат, или немаат положено 50% од кредитите запишани во летен семестар 2023/2024, преминуваат од државна квота во квота со кофинансирање
според член 323 од Статутот на УКИМ
• Студентите кои изработуваат дипломска работа не запишуваат семестар, ако ја одбранат најдоцна до 28февруари 2025 год. Студентите кои нема да одбранат дипломска до овој датум, треба да ја запишат административен семестар со уплата од 1000 ден. на жиро сметката на Градежен факултет и 100 ден. на жиро сметката на УКИМ за ел. обрасци.
• Наставата почнува на 17.2.2025 година според распоредот на часови истакнат на web страната на гф.
Распоред на часови за прв циклус, летен семестар 2024/2025;
Покриеност настава за зимски и летен за прв циклус на студии 2024/2025;
Календарот на активности и неработни денови во 2024/2025 година;
Правилник за студирање на прв и втор циклус на студии;