Самоевалуацијата претставува континуиран процес на следење и проценка на квалитетот на високообразовната и научноистражувачката дејност, управувањето, финансирањето, материјално-техничките и академските капацитети и другите активности на ниво на факултет. Самоевалуацијата се спроведува преку евалуација на студиските и предметните програми и на процесите на настава и учење, како и преку оценка на обемот и квалитетот на научно- истражувачката дејност и нејзиното место и улога во наставно-образовниот процес и пошироко. Самоевалуацијата на Градежниот факултет – Скопје е дел од процесот за евалуација на неговиот квалитет и е дел од постапката на акредитација според законските акти на Република Македонија. Нејзините три основни цели се:
• да претстави краток и содржаен преглед на наставно-образовниот процес, просторните можности и опременоста на Факултетот, научно-истражувачката работа, оспособеноста и активностите на студентите, и организационата поставеност и функционирањето на факултетот;
• да ги анализира добрите и слабите страни на факултетот при вршење на високообразовна и научна дејност и да предложи корективни мерки;
• да обезбеди основа која ќе послужи за вршење на самоевалуацијата што ја спроведува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и негова акредитација.
Процесот на самоевалуација се реализира од страна на Комисијата за самоевалуација чиј претседател е проф. д-р Дарко Наков.
По завршувањето на секој семестар студентите електронски ја спроведуваат анкетата за самоевалуација на следниот линк Анкета.