Записникот од одбраната на дипломската/магистерска работа треба да се достави во Архивата на ГФ. За уверението студентот доставува уплатница на 75 евра во денарска противвредност (4650 ден.) според Ценовникот на ГФ, пополнет статистички лист ВОИ 50 за прв циклус, односно статистички лист ВОИ 80 за втор циклус и Изјава за матична евиденција на дипломирани и магистрирани студенти во главна книга (која може да ја превземете тука).

Уверението дека студентот дипломирал може да се подигне за два до три работни дена по дипломирањето.