ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИ КАНДИДАТИ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ НА КОНКУРСОТ ВО УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИ КАНДИДАТИ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ НА КОНКУРСОТ ВО УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА

 

* Листа на примени кандидати ќе биде објавена на 28.10.2019 год., додека запишувањето e oд 28 до 30.10.2019 година, од 11-13 часот, на шалтерите на студетската служба.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:

  • нов индекс, студентска легитимација + 3 фотографии;
  • формулар за запишување семестар (од скриптара);
  • статистички образец ВОИ.80А (од студентската служба);
  • Интерен формуларза запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар (се презема од www.gf.ukum.edu.mk или од копирницата на Факултетот);
  • Потврда за уплатена партиципација од 24.600 ден. на жиро сметката на ГФ;

* Документите кои евентуално при пријавувањето не се доставени, потребно е да се достават во службата при запишувањето;

* Примените кандидати кои немаат завршено прв циклус на студии на Градежниот факултет – Скопје, туку на друг факултет, потребно е да достават и:

  • извод од матична книга на родени (оригинален);
  • доказ за државјанство (оригинален);
  • oригинален документ за завршен прв циклус на студии (на Македонски јазик)
  • копија од диплома (на Македонски јазик)

 

Наставата почнува на 14.10.2019 година според распоредот на часови истакнат на web страната на Гф.

Студенти задолжително користете го Календарот на активности каде што ги имате сите информации во врска термините кои треба да ги почитувате!!

 

УПЛАТИТЕ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП-50
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: Буџет на РСМ – Градежен факултет – Скопје
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРСМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 100000000063095
СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1600104219 788 15
ПРИХОДНА ШИФРА: 723012 41 за партиципација
ПРИХОДНА ШИФРА: 723019 41 за останати плаќања