Стипендирањето на новозапишаните студенти во прва година се врши согласно поените остварени при упис на Градежен факултет. Првите 10 рангирани со најголем број поени при упис на Градежен факултет, независно на која студиската програма, добиваат стипендии од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Студентите рангирани од 11 до 20 место при упис на Градежен факултет, независно на која студиската програма, добиваат стипендии од Фондацијата за стипендирање студенти на Градежен факултет.

Од учебната 2018/19 година, Друштвото за геотехника доделува 5 стипендии на најдоброрангираните кандидати при упис на прв циклус на студиската програма Геотехничко инженерство.

Стипендирањето во втора и трета година се врши на најмногу 10 студенти од секоја година, и тоа на студентите кои оствариле просек од најмалку 9.00 и ги положиле сите предмети заклучно со сесијата август/септември.