Како треба да постапам за да се испишам од ГФ?
Ама ако сепак си одлучил, симни го барањето за испишување (преземи барање), пополни го и завери го во Архивата на ГФ, уплати 20 евра во денарска противвредност за испишување, 10 евра за уверение за положени испити (ако ти е потребно за запишување на друг факултет) и заедно со индексот достави ги во Студентската служба или прати ги сите документи на email arhivagf@gf.ukim.edu.mk.
Уплатите се вршат според Ценовникот.
Во прилог, потребна е и потврда од библиотека дека не должиш книги можеш да добиеш од Бибилиотеката или по email magdalena@gf.ukim.edu.mk и потврда од сметководство за сите платени обврски од email sonja@gf.ukim.edu.mk.
Постапката ќе биде реализирана во рок од еден до два дена.