Кога да пријавам дипломска работа?
Студентот може да пријави дипломска работа доколку има освоено минимум 140 ЕКТС- кредити на тригодишните студиски програми,според Правилникот за студирање на прв и втор циклус (презмеи Правилник).
Деканот, по предлог на студентот, ги определува менторот и темата за изработка и формира комисија за оцена и одбрана на дипломската работа.
Преземи Пријава за дипломска работа. Се пополнува во косултација со менторот и треба да биде потпишана од негова страна.
Прилог кон Пријавата се: уплата од 10 евра во денарска противвредност според Ценовник за уверение за положени испити, потврда за платени обврски кон факултетот од сметководство или sonja@gf.ukim.edu.mk и потврда дека не должиш книги од бибилиотеката или magdalena@gf.ukim.edu.mk. Aко си земал стипендија додека си студирал, наведи го и тоа.