Во рамките на катедрата за бетон и конструкции постои и функционира Лабораторијата за бетон и конструкции. Формирана е со цел да се овозмопрактична настава за студентите по дисциплините од Катедрата како што се: Технологија на бетонот, армиран бетон, преднапрегнат бетон, мостови армиранобетонски конструкции и дрвени конструкции. Лабораторијата е снабдена со инструменти и опрема потребни за извршување на испитувања на бетонот и составните материјали: цементот, агрегатот, водата и адитивите. Во лабораторијата студентите се запознаваат со начинот и постапката за испитување на споменатите материјали, како и за испитувањето на арматурата за армиранобетонските конструкции, арматурата за преднапрегање и дрвото како материјал за дрвените конструкции.

Лабораторијата служи и за изработка на дипломски работи според експериментална програма. Лабораторијата располага и со опрема за преднапрегање која на студентите им овозможува поцелосно запознавање со технологијата на преднапрегањето.
Покрај едукативната функција лабораторијата се користи за реализација на научноистражувачки проекти и експериментални истражувања за потребите на магистерски трудови и докторски дисертации.
Во изминатиот период реализирани се поголем број експериментални програми, извршени испитувања на модели преднапрегнати греди со цел да се изучи влијанието на незатегнатата арматура врз нивното однесување и дуктилност, како и влијанието од собирањето и течењето на бетонот на граничните состојби на носивост и употребливост.

 

 Исто така, извршени се испитувања на модели – мостови во смалена размера со цел да се изучи попречната распределба на концентрираните товари. Во лабораторијата за испитување на бетонски конструкции спроведени се и испитувања на модели  преднапрегната греда со цел да се изучи влијанието од променливите товари врз однесувањето и граничните состојби на носивост и употребливост.

 

Во лабораторијата се регистрирани голем број резултати од испитувањата на собирањето, течењето и модулот на еластичност на различни бетони кои се ползувани при донесувањето на актуелната техничка регулатива од областа на бетонските конструкции.

 

 Покрај споменатите активности во лабораторијата се извршуваат и испитувања за потребите на градежните фирми и инвеститорите пред и при изведба на позначајни објекти: брани, мостови, згради, индустриски и спортски објекти и др. За потребите на разните објекти се извршуваат испитувања на механичките, реолошките и посебните својства на бетоните. Лабораторијата организира и изведува испитувања за регистрирање на загубите на силата на преднапрегање при изведба на конструкции од преднапрегнат бетон, како и испитувања на мостовски конструкции со пробен товар пред нивно пуштање во употреба.

 

Лабораторијата располага со услови, опрема и персонал за извршување на испитувања до лом на елементи од кострукции: префабрикувани плочи и греди со должина и до 10 m. Една од поновите активности на лабораторијата се испитувањата поврзани со зајакнувањата на армиранобетонските мостови и конструкции со карбонски материјали, како и заштита на конструкциите заради продолжување на нивната трајност.

СПИСОК НА ПОСТОЈНА ОПРЕМА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИ И КОНСТРУКЦИИ

I ОПРЕМА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА КОМПОНЕНТИТЕ ВО БЕТОНОТI-1 ОПРЕМА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА ЦЕМЕНТ

1. Вага прецизна
2. Michaelis-ова вага
3. Лабораториска сушилница
4. Graf-Koufmanov апарат
5. Blaine-апарат
6. Мешалица за цемент со вибро стол
7. Лабораториски сита со садови
8. Вибро стол
9. Викат-ов апарат
10. Прстени на Le Shatelier
11.Апаратура за испитување на волуменска тежина на цемент

I-2 ОПРЕМА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА АГРЕГАТ

1. Сушилница
2. Техничка вага со тегови
3. Лабораториски сита
4. Комплет садови за испитување волуменска маса
5. Мензури

II ОПРЕМА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ, ВГРАДУВАЊЕ И ИСПИТУВАЊЕ НА СВЕЖА БЕТОНСКА МАСА

1. Калап за цилиндер Ф15/30
2. Калапи за коцки 20/20, 10/10
3. Комплет опрема за определување конзистенција на бетон
4. Вебе-апарат
5. Мешалка за бетон
6. Вибрални игли 30/80, 40/1300
7. Порозиметар
8. Вага до 500 kg

III ОПРЕМА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА СТВРДНАТ БЕТОН

1. Тензофреквенциометар
2. Мерни имструменти за притисок
3. Аутоклаф
4. Ладилник (неисправен)
5. Мерач за деформации – деформетар
6. Хидраулична преса до 3 000 kN
7. Пундит-апарат за испитување на јакост на притисок
8. Shmid-ов чекан (2 парчиња неисправни)
9. Профометар
10. Деформетар
11. Кади за нега на бетонски тела
12. Клима комора (-20/+40 оC)

IV ОПРЕМА ЗА ПРЕДНАПРЕГНАТ БЕТОН

1. Мешалка за смеса за инектирање
2. Пумпа за инектирање
3. Преса за преднапрегање
4. Електрична хидраулична пумпа