Како дел од обуката за истражување се три предмети за стекнување генерички знаења и вештини за истражување (сите предмети од оваа група носат по 4 кредити), и тоа: научноистражувачка етика, методологија на истражување и уште еден предмет од понудената листа на други предмети од обуката за истражување, која, по предлог на носителите на студиските програми, ја потврдува Универзитетскиот стручен совет за докторски студии.

Листа на предмети за стекнување на генерички знаења и вештини

Структурата на студиската програма предвидува изборни предметни програми за едукација, класифицирани во две групи, А и Б. Првата група (А) се предметни програми за едукација од областите на математика и информатика. Втората група предметни програми за едукација (Б) поделена е во пет подпрограми на потесни области (дисциплини) на истражување.

Земајќи го предвид бројот на студенти и со цел зголемување на квалитетот на наставата, на 458 седница на ННС донесена е одлука дека еден наставник може да држи настава на најмногу два предмети на третиот циклус на студии по градежништво.

Еден предмет од пошироката област на истражувањето може да биде избран од студиските програми на другите единици на Универзитетот, на некој од државните универзитети во Р.Македонија, на некој од државните универзитети во Р.Македонија, како и на универзитети во Европа и светот со кои УКИМ има склучено билатерални договори за соработка.

Еден предмет од потесната област на истражувањето може да биде избран од студиските програми на другите единици на Универзитетот, на некој од државните универзитети во Р.Македонија, како и на универзитети во Европа и светот со кои УКИМ има склучено билатерални договори за соработка.

 

 

ГРУПА А – Предмети од областите на математика и информатика

  1. Одбрани поглавја од математика
  2. Одбрани поглавја од информатика
  3. Стохастички процеси и нивна примена
  4. Тензорско сметање

 

ГРУПА Б – Предмети од потесна област на истражувањето

Модул Б1 – Конструкции

  1. Композитни материјали – моделирање и инженерство
  2. Сеизмичка анализа и проектирање на конструкции според поместувања
  3. Заштита на стари конструкции од земјотрес
  4. МКЕ за решавање на стационарни и нестационарни полиња
  5. Пожарна отпорност на армиранобетонски конструкции
  6. Акустика на простории
  7. Методи на гранични елементи
  8. Пластичност
  9. Земјотресно инженерство базирано на перформанси
  10. Динамика на конструкции 2
  11. Сеизмичка повредливост на конструкции
  12. Нумеричка анализа и методи на оптимализација во инженерството
  13. Нелинеарна анализа на конструкциите
  14. Статичка и сеизмичка анализа на бетонски брани со придружните објекти
  15. Моделирање и анализа на ѕидани конструкции
  16. Влијание на долготрајните дејства врз однесувањето на бетонските конструкции
  17. Управување со армирано бетонски мостови и нивна рехабилитација
  18. Иновативни дрвени и дрвено-композитни конструкции
  19. Одбрани поглавја од металните конструкции
  20. Напредни методи за испитување на конструкции
  21. Проценка на животен циклус и проектирање на одржливи објекти

 

Модул Б2 – Хидротехника

  1. Просторна хидрологија
  2. Речни екосистеми
  3. Физичкo-хидраулички модели
  4. Напредни процеси при пречистување на отпадни води
  5. Автоматизирање и управување со водоснабдителни системи
  6. Управување со хидромелиоративни системи
  7. Статичка и динамичка стабилност на насипни брани
  8. Хидроелектрични централи – одбрани поглавја
  9. Статичка и динамичка стабилност на бетонски брани

 

Модул Б3 – Сообраќајно инженерство

  1. Квантитативни методи
  2. Урбана и интерурбана мобилност
  3. Социо-економска и финансиска анализа кај транспортни инфраструктурни

проекти

  1. Сообраќајно инженерство во патниот сектор
  2. Примена на софтверски пакети во планирањето и проектирањето на објектите од

сообраќајната инфраструктура

  1. Сообраќајна бучава

 

Модул Б4 – Геотехника

  1. Геотехничко моделирање
  2. Напредна теориска механика на почви
  3. Инженерска механика на карпи
  4. Интеракција почва-конструкција
  5. Механика на делумно заситени почви
  6. Моделирање на порозни средини за тек и транспорт на контаминанти

 

Модул Б5 – Организација, технологија и менаџмент во градежништво

  1. Организација и технологија на изведбата на објектите
  2. Проектен менаџмент во градежништво
  3. Економски аспекти за избор на градежни машини
  4. Услови на договори за градење на објекти
  5. Финансиско и економско вреднување на проектите од транспортна

инфраструктура

  1. Проектирања со поглед на катастрски систем