ЕЛЕКТРОНСКО ЗАВЕРУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НАСЕМЕСТРИ
Системот автоматски ги креира обрасците за заверка и запишување на семестар врз основа на податоците што студентот ги внесува при изборот на предмети што планирада ги запише во претстојниот семестар (Образец за запишување на семестар), како и врз основа наелектронските потписи внесени во iKnow системот одстрана на предметните наставници, во врска сореализираните обврски во претходниот семестар (Образец за заверка на семестар). Документите се појавуваат во јазичето (табот) „Документи“ во профилот на студентот и можат по потреба да се печатат.
ВАЖНО: Бидејќи во процесот на автоматско генерирање на споменатите обрасци, iKnow системот проверува далистудентот има добиено потписи за предметите кои гислушал во семестарот што се заверува, а поради можнатаусловеност на предметите кои студентот сака да ги запишево следниот семестар, системот ги проверува и претходно положените предмети, студентите ќе треба да се најаватна своите профили и да проверат дали се внесени воiKnow системот потписите за слушаните предметите и оценките за положените испити. Доколку недостасуваат потписи или оценки по некои предмети, тие ќе треба да се обратат до предметниот наставник или до продеканот за настава, со цел постапката да се заврши во најкус можен рок.
При запишување на секој семестар, во пресметката навкупните трошоци се придодава нова ставка
„Запишување и заверување на семестар“, со цена на чинење 100 денари по семестар, наменети за покривање на трошоците за реализација и одржување на дигиталната услуга. Уплатените средства се однесуваат на запишување и заверување на тековниот семестар.
Плаќањето на трошоците кои произлегуваат од процесотна студирање може да се изврши електронски, со платежна картичка, директно од профилот на студентот во iKnow-системот.
На истиот начин студентот може да врши уплати по основна трошоци за други услуги на факултетот, како што се: издавање на разни уверенија, потврди и друг вид на обрасци.
Во врска со безбедноста при овој начин на плаќање ве информираме дека податоците од платежните картички не серегистрираат од страна на iKnow-системот. Делот одпостапката каде се внесуваат податоците од картичката се врши на интернет страницата на КаСис, кој е независен процесор кој нуди услуги на деловни банки, финансиски институции и други заинтересирани субјекти од областа на работењето со платежни картички и електронската трговија и ги поседува потребните сертификати за заштита на податоците.
На студентите им препорачуваме да го користат овој начинна плаќање!
Доколку студентот сепак одлучи плаќањето на трошоците да го изврши вирмански, тогаш ќе треба доказот за уплатата, лично да го достави до службата за студентски прашања со наведен број на индекс во цел на дознака!