Лабораторија за геодезија
Лабораторијата по геодезија е формирана во 1948 година, заедно со почетокот на предавањата по геодезија за студентите од тогашниот технички факултет. Најнапред, лабораторијата содржела неколку најстари конструкции на теодолити, добиени од државните геодетски институции на повоена Југославија.
Геодетската лабораторија постепено се збогатува со нови конструкции на геодетски инструменти и прибори откако предавањата по геодезија ги превзел проф. д-р Диме Лазаров. Тогаш е назначен и првиот лаборант Ѓорѓи Настов геодет, кој под раководство на проф. Лазаров придонесува за развој на лабораторијата и нејзино издигнување на повисоко рамниште.
Постојаното збогатување на геодетската лабораторија со понови и посовремени геодетски инструменти доведува до фактот да во осумдесетите години од минатиот век таа се смета за најопремена лабораторија на Балканскиот полуостров.