Лабораторија за бетон и конструкции

Исто така, извршени се испитувања на модели – мостови во смалена размера со цел да се изучи попречната распределба на концентрираните товари. Во лабораторијата за испитување на бетонски конструкции спроведени се и испитувања на модели преднапрегната греда со цел да се изучи влијанието од променливите товари врз однесувањето и граничните состојби на носивост и употребливост.
Покрај споменатите активности во лабораторијата се извршуваат и испитувања за потребите на градежните фирми и инвеститорите пред и при изведба на позначајни објекти: брани, мостови, згради, индустриски и спортски објекти и др. За потребите на разните објекти се извршуваат испитувања на механичките, реолошките и посебните својства на бетоните. Лабораторијата организира и изведува испитувања за регистрирање на загубите на силата на преднапрегање при изведба на конструкции од преднапрегнат бетон, како и испитувања на мостовски конструкции со пробен товар пред нивно пуштање во употреба.СПИСОК НА ПОСТОЈНА ОПРЕМА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИ И КОНСТРУКЦИИ
I ОПРЕМА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА КОМПОНЕНТИТЕ ВО БЕТОНОТI-1 ОПРЕМА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА ЦЕМЕНТ
1. Вага прецизна
2. Michaelis-ова вага
3. Лабораториска сушилница
4. Graf-Koufmanov апарат
5. Blaine-апарат
6. Мешалица за цемент со вибро стол
7. Лабораториски сита со садови
8. Вибро стол
9. Викат-ов апарат
10. Прстени на Le Shatelier
11.Апаратура за испитување на волуменска тежина на цемент
I-2 ОПРЕМА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА АГРЕГАТ
1. Сушилница
2. Техничка вага со тегови
3. Лабораториски сита
4. Комплет садови за испитување волуменска маса
5. Мензури
II ОПРЕМА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ, ВГРАДУВАЊЕ И ИСПИТУВАЊЕ НА СВЕЖА БЕТОНСКА МАСА
1. Калап за цилиндер Ф15/30
2. Калапи за коцки 20/20, 10/10
3. Комплет опрема за определување конзистенција на бетон
4. Вебе-апарат
5. Мешалка за бетон
6. Вибрални игли 30/80, 40/1300
7. Порозиметар
8. Вага до 500 kg
III ОПРЕМА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА СТВРДНАТ БЕТОН
1. Тензофреквенциометар
2. Мерни имструменти за притисок
3. Аутоклаф
4. Ладилник (неисправен)
5. Мерач за деформации – деформетар
6. Хидраулична преса до 3 000 kN
7. Пундит-апарат за испитување на јакост на притисок
8. Shmid-ов чекан (2 парчиња неисправни)
9. Профометар
10. Деформетар
11. Кади за нега на бетонски тела
12. Клима комора (-20/+40 оC)
IV ОПРЕМА ЗА ПРЕДНАПРЕГНАТ БЕТОН
1. Мешалка за смеса за инектирање
2. Пумпа за инектирање
3. Преса за преднапрегање
4. Електрична хидраулична пумпа

