Лабораторија за геотехника
Последната фазана развој на лабораторијата е поврзана со добивањето на донација од страна на Владата на СР.Германија во 1997 година, кога постојнатае дополнета со најсовремена опрема за теренски и лабораториски комплексни геотехнички истражувања и испитувања. Со оваа трета фаза во развојот на катедрата, таа со лабораториската и теренската опременост со право се вбројува во најопремените геотехнички центри не само на Балканот, туку и во Југоисточна Европа.
Во моментов лабораторијата поседува опрема за следните испитувања:
а) Лабораториски испитувања на почвени материјали
- Комплетна опрема за класификациони испитувања
- Опрема за испитување на деформабилните карактеритики на почвите
- Опрема за испитување на деформабилност на грубозрни почви во голема мерка
- Опрема за испитување на јакоста на смолкнување на почвите во услови на триаксијална компресија и со директно смолкнување (со можност за испитување на различни димензии на пробни тела од кохеретни и некохерентни материјали)
- Опрема за динамички испитувања на почвите
- Лабораториска крилна сонда, џепен пенетрометар, комплет на сушари и др.
- Лабораториски испитувања на водопропустноста со контантен и променлив притисок
- Лабораториски испитувања на калифорниски индекс на носивост (CBR)-апарат за директно смолкнување на грубозрни материјали во голема мерка со димензии 1*1 *0.6 метри
б) Теренски испитувања на почвени материјали
- Статички пенетрометар со капацитет од 10t, производство на Gouda-Холандија
- Menard-ов пресиометар за испитување на деформабилноста на почвите
- Oпит со плоча
- Вертикален мобилен инклинометар за мерење на поместувања на нестабилни терени
- Теренско испитување на калифорниски индекс на носивост (CBR)
в) Лабораториски испитувања на карпи
- Kомплетна апаратура за припрема на пробни тела за карпи (машини за сечење, дупчење и полирање на примероци)
- Преса за испитување на едноаксијална и триајксијална јакост на карпите со можност за прилагање на вертикален товар до 300 тона, и бочни притисоци до 70 бара, со различни димензии на ќелии за триаксијални испитувања на карпи
- Испитување на трајност на карпите (slake durability test)
- Опрема за мерење на тврдината со Шмитов чекан (Schmid hamer)
- Hoek-ова кутија за директно смолкнување вдолж пукнатини
г) Теренски испитувања на карпи
- Комплет преси и пумпи за испитување на деформабилност и јакост на смолкнување на блокови-штампови
- Опрема за испитување на јакост на монолити со точкасто оптеретување, производство на фирмата Interfels – Germanija (Franklin-ова преса)
- Сондажен дилатометар тип IF096, производство на Interfels -Германија, за испитување на деформабилноста на карпите во истражни дупнатини
- Опрема за рефракциони сеизмички геофизички испитувања
- Опрема за геоелктрични испитувања