Геодезија – трет циклус
Студиите на третиот циклус по геодезија во рамките на Градежниот факултет – Скопје за прв пат се организираат во студиската година 2021/2022. Главната цел на студиската програмата на трет циклус студии по геодезија е да понуди напредни мултидисциплинарни знаења од полето на геодезијата и клучните нејзини области и подобласти.
Раководител на Советот за докторски студии по геодезија e вонр. проф. д-р Златко Богдановски.
Карта на студиска програма за геодезија
Вид на програма | Докторски студии по геодезија (трет циклус) | |
Назив на студиската
програма | Македонски | Трет циклус -докторски студии по Геодезија |
Англиски | Third cycle – PhD studies in Geodesy | |
Акроним | ГД | |
Институција
предлагач | Градежен факултет при
Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје | |
Траење | 3 години (6 семестри) | |
ЕКТС | 180 кредити
1. Обука за истражување и едукација – 42 ЕКТС – кредити 2. Изработка на докторска дисертација – 138 ЕКТС – кредити
| |
Јазик | Македонски – Англиски | |
Назив на дипломата | македонски | Доктор на технички науки |
англиски | Doctor of Technical Sciencies |
Студиската програма за трет циклус студии по геодезија по обем е организирана во соглас-ност со Законот за високото образование, како и Правилникот за трет циклус студии при УКИМ. Студиската програма се состои од два главни дела:
- Обука за истражување и едукација во обем од 42 ЕКТС – кредити.
- Изработка на предлог докторски проект, истражување, учество на годишни конферен-ции и семинари, мобилност, учество на меѓународни собири, изработка и одбрана на докторска дисертација во обем од 138 ЕКТС – кредити.
Обука за истражување и едукација
Организираната академска обуката за истражување и објавување резултати се состои од три предмети за стекнување генерички знаења и вештини за истражување, што изнесува 12 ЕКТС-кредити и тоа:
- Етика во научноистражувачката работа (3 EKTС);
- Методологија на научно истражувачка работа (3 EKTС);
- Eден предмет од листа на изборни предмети од третата група предмети за стекнување на генерички знаења и вештини за истражување – Универзитетска листа на изборни предмети од трет циклус на студии (6 EKTС).
Делот на едукацијата опфаќа предмети од полето, пошироката и потесната област на истражување, што изнесува 30 ЕКТС – кредити.
Наставните предмети од делот за Едукација на студиската програма од трет циклус студии по геодезија се поделени во три групи:
- Група A – наставни предмети од областите на математика и иформатика;
- Група Б – наставни предмети од пошироката област на истражување и
- Група В – наставни предмети од потесната област на истражување.
Активности во прв семестар од докторските студии
1 Семестар | ||||||
Р.Б. | Код | Тип на предмет | Наставен предмет | ЕКТС | Припадност
согласно ЗВО | |
1 | 1.1 | Задолжителен | Етика во научноистражувачката работа | 3 | Академска обука | |
2 | 1.2 | Задолжителен | Методологија на научноистражувачка работа | 3 | Академска обука | |
3 | 1.3 | Изборен | Предмет за стекнување генерички знаења и вештини за истражување од универзитетска листа на изборни предмети | 6 | Академска обука | |
4 | 1.4 | Изборен | Предмет за стекнување на напредни знаења од група А | 6 | Академска обука | |
5 | 1.5 | Изборен | Предмет за стекнување на напредни знаења од група Б | 6 | Академска обука | |
6 | 1.6 | Изборен | Предмет за стекнување на напредни знаења од група В | 6 | Академска обука | |
Вкупно : | 30 |
Активности во вториот семестар од докторските студии
2 Семестар | ||||||
Р.Б. | Код | Тип на предмет | Наставен предмет | ЕКТС | Припадност
согласно ЗВО | |
1 | 2.1 | Изборен | Предмет за стекнување на напредни знаења од група В | 6 | Академска обука | |
2 | 2.2 | Изборен | Предмет за стекнување на напредни знаења од група В | 6 | Академска обука | |
3 | 2.3 | Задолжителен | Истражувачка работа под менторство (подготовка на предлог проект за докторски труд) | 14 | Независен истражувачки проект под менторство | |
4 | 2.4 | Задолжителен | Прва годишна конференција | 4 | Предавања и друг вид на комуникациски активности | |
Вкупно : | 30 |
Делот на едукацијата како што беше погоре истакнато е во обем од 30 ЕКТС кредити и опфаќа пет наставни предмети кои ги избира кандидатот во договор со менторот:
- Еден наставен предмет од група А, од областите на математика и информатика; (Во зависност од потребите на кандидатот и во согласност на менторот, изборот на предмет од областа на математика и информатика може да се спроведе на друга единица од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на друг државен универзитет, или на универзитети во Европа и светот со кои Универзитетот има склучено билатерални договори за соработка).
- Еден наставен предмет од група Б, од пошироката област на истражување и
- Три наставни предмети од група В, од потесната област на истражување.
Едукацијата се спроведува од страна на Градежниот факултет во Скопје. Дел од едукацијата, по избор на кандидатот, а со согласност на менторот, може да се спроведе на друга единица од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на друг државен универзитет, или на универзитети во Европа и светот со кои УКИМ има склучено билатерални договори за соработка.
Aктивна истражувачка работа и изработка на докторска дисертација
Во вториот семестар, почнувајќи со подготовка на предлог-проект за докторскиот труд, кандидатот започнува со изработката на докторската дисертација, што ги опфаќа следниве активности:
- независен истражувачки проект за изработка на докторскиот труд под менторство (докторски проект), што содржи истражувачка работа под менторство и поднесување на предлог-докторски проект за изработка на докторски труд и се вреднува со 41 ЕКТС-кредити;
- меѓународна мобилност, најмалку еднонеделен престој, што се вреднува со 6 ЕКТС-кредити;
- предавања и друг вид комуникациски активности, што содржи учество на семинари и конференции, што се вреднува со 18 ЕКТС-кредити;
- објавување во референтни научни публикации и активно учество на меѓународни собири во врска со докторскиот труд, што се вреднува со 27 ЕКТС-кредити;
- изработка и јавна одбрана на докторски труд врз основа на докторски проект, што се вреднува со 46 ЕКТС-кредити.
Активности во трет семестар од докторските студии
3 Семестар | ||||||
Р.Б. | Код | Тип на предмет | Наставен предмет | ЕКТС | Припадност
согласно ЗВО | |
1 | 3.1 | Задолжителен | Предлог – докторски проект | 27 | Независен истражувачки проект под менторство | |
2 | 3.2 | Задолжителен | Прв докторски семинар | 3 | Предавања и друг вид на комуникациски активности | |
Вкупно : | 30 |
Активности во четврти семестар од докторските студии
4 Семестар | ||||||
Р.Б. | Код | Тип на предмет | Наставен предмет | ЕКТС | Припадност
согласно ЗВО | |
1 | 4.1 | Задолжителен | Изработка на докторски труд | 20 | Изработка и јавна одбрана на докторскиот труд врз основа на докторскиот проект | |
2 | 4.2 | Задолжителен | Меѓународна мобилност | 6 | Меѓународна мобилност | |
3 | 4.3 | Задолжителен | Втора годишна конференција | 4 | Предавања и друг вид на комуникациски активности | |
Вкупно : | 30 |
Активности во петти семестар од докторските студии
5 Семестар | ||||||
Р.Б. | Код | Тип на предмет | Наставен предмет | ЕКТС | Припадност
согласно ЗВО | |
1 | 5.1 | Задолжителен | Активности за објавување на два труда во референтна научна публикација | 20 | Објавување во референтни научни публикации и активно учество во меѓународни собири во врска со докторскиот труд | |
2 | 5.2 | Задолжителен | Учество на меѓународен собир | 7 | Објавување во референтни научни публикации и активно учество во меѓународни собири во врска со докторскиот труд | |
3 | 5.3 | Задолжителен | Втор докторски семинар | 3 | Предавања и друг вид на комуникациски активности | |
Вкупно : | 30 |
Активности во шести семестар од докторските студии
6 Семестар | ||||||
Р.Б. | Код | Тип на предмет | Наставен предмет | ЕКТС | Припадност
согласно ЗВО | |
1 | 6.1 | Задолжителен | Трета годишна конференција | 4 | Предавања и друг вид на комуникациски активности | |
2 | 6.2 | Задолжителен | Одбрана на докторскиот труд | 26 | Изработка и јавна одбрана на докторскиот труд врз основа на докторскиот проект | |
Вкупно : | 30 |
Документи и корисни линкови