Internship Programme of German Business for the Countries of the Western Balkans

Програма за Пракса на Германското Стопанство

Почитуван господине/госпоѓо, Моето име е Антје Милер и Ви пишувам во име на Програмата за Пракса на Германското Стопанство за земјите од Западен Балкан.

Поради тоа што Програмата за Пракса претставува одлична можност за надополнување на знаењето и добивање на практично искуство, би сакале секој студент во С. Македонија да дознае за неа. Затоа решивме да ги контактираме нивните професори. Студентите на Вашиот факултет ве предложија Вас и ни ги дадоа вашите податоци за контакт.

Програмата за Пракса на Германското Стопанство (www.stipendienprogramm.org) им овозможува на студентите (дипломирани и недипломирани) да се здобијат со работно искуство во водечки компании во Германија. Во последните 18 години, како програма подржавме повеќе од 830 студенти и млади академски граѓани од Земјите на Западен Балкан и Хрватска. Сите стипендисти поминаа три до шест месеци во Германија, каде што добија можнст да го прошират своето теоретско знаење стекнато за време на студиите, а истото тоа знаење да го применат во пракса. После враќањето во нивните земји, сите стипендисти многу побрзо најдоа квалификувана работа. Покрај тоа, нашите Стипендисти се организирани во мрежа на Алумнисти каде што постојано добиваат обуки според потребите на локалниот пазар на труд.

Многу би Ви биле благодарни доколку ја поддржите нашата Програма и би ги проследиле приложените информации до вашите студенти. Дополнително би сакале да одржиме презентација за нашата програма на вашите студенти, која за жал, поради моменталната состојба поврзана со пандемијата, би се одвивала виртуелно. Во секој случај, ние сме многу заинтересирани за презентација на Програмата на вашиот факултет.

Seite 2 von 2 Следната генерација на Стипендисти ќе ги започне своите пракси на 1ви Јули 2022 година. Повик за аплицирање за новата генерација ќе биде отворен од 1 ви Октомври 2021 до 16ти Ноември 2021 и студентите можат да се информираат за продобивките на Програмата и процесот на аплицирање на нашата страна: www.stipendienprogramm.org.

Поради новонастанатата ситуација со пандемијата, за жал оваа година не можеме физички да ја презентираме нашата програма во вашиот факултет. Затоа сакаме да одржиме две онлајн информативни сесии:

  • 18.10, 14h: https://zoom.us/j/95788837316?pwd=OXpjOUlxeU9GUVNpV0IveE1NRkl PQT09 Meeting-ID: 957 8883 7316 Kenncode: 482096

 

  •  26.10, 19h: https://zoom.us/j/99800564569?pwd=M2NuMXA5aWFhWThNYXhZVXlzT 1dtdz09 Meeting-ID: 998 0056 4569 Kenncode: 695493

Application guide one pager

MAC_2022_dates online presentation

 

Flyer-All-EN