м-р Пановска Фросина

М-р Фросина Пановска е помлад асистент на Катедрата за хидротехнички објекти. Дипломирала во 2016 година на Градежниот факултет – Скопје при УКИМ, а магистрирала во 2019 година на истиот факултет со одбрана на магистерски труд на тема „Симулациони модели за анализа на хидросистеми“. На прв циклус одржува аудиторни вежби по предметите „Хидротехнички конструкции“, „Брани и акумулации“, „Водостопански системи“ и „Основи на хидроенергетика“ на СП Градежништво. На втор циклус одржува аудиторни вежби по предметите „Симулациони модели за анализа на хидросистеми“, „Економика на водни ресурси“ и „Хидроенергетски објекти“ на СП Градежништво – хидротехника.