ИЗБОР НА МЛАД ИНЖЕНЕР НА ГОДИНАТА
📢 Драги млади инженери до (вклучувајќи и) 35 години,
Инженерската институција на Македонија по повод 21 март, Денот на македонските инженери, избира млад инженер на годината за 2025 година.
🎯 Критериуми по кои се избира млад инженер на годината се:
✔️ постигнати инженерски резултати во 2025 година
✔️лидерство и инспирација на младите; ✔️креативност и иновативност; ✔️споделување на знаење и ангажирање во заедницата;
✔️општествено и етичко влијание на околината.
Повикот е отворен до 8.2.2026 година.
Пријавете се на линкот https://lnkd.in/du36AADN
