Известување за спроведување студентска анкета за зимски семестар 2022/2023
Почитувани колешки и колеги,
За потребите на процесот на самоевалуација на студиските и предметните програми, но и на процесите за настава и учење на Градежниот факултет-Скопје, по завршување на секој семестар се спроведува студентска анкета за самоевалуација.
Студентската анкета има за цел да даде реална претстава за нивото и квалитетот на реализирање на предавањата и вежбите, расположлива литература, достапноста, односот, одговорноста, капацитетот и квалитетот на наставниот и соработничкиот кадар. Освен оценување на наставниот кадар и асистентите, постои можност за внесување коментари во насока на подобрување на целокупниот процес на наставата.
Студентската анкета се спроведува анонимно, преку електронско пополнување на формуларот достапен на адресата: http://anketa.gf.ukim.edu.mk. Куса постапка за пополнување на анкетата е дадено на следната страница.
Анкетата е задолжителна за секој студент на 1. и 2. циклус на студии, а потребно е да се спроведе во периодот од 1 – 14 февруари 2023 година.
При запишување на летниот семестар, на шалтерите на студентска служба ќе се валидира пополнувањето на анкетата преку список. Оние студентите кои ја спровеле анкетата ќе може да запишат следен семестар.
Ве молиме за исполнување на ова Ваше задолжение и сите заедно да придонесеме кон подобрување на наставно – образовниот процес на нашиот факултет.
Куса постапка за пополнување на анкетата:
Анкетата е задолжителна за секој студент на 1. и 2. циклус на студии.
За зачувување на анонимноста на процесот, обработката на пристигнатите документи ќе ја спроведе претседателот на студентскиот парламент. Тој има пристап до горенаведената e-mail адреса и ќе го формира и прати списокот до студентската служба кој ќе ги содржи само броевите на индекси на студентите што ја спровеле анкетата. Документите со бар кодовите ќе бидат преименувани и пратени до комисијата за самоевалуација.