Повикано предавање на академик проф. д-р Питер Марк

Датум

понеделник 29. декември 2025
Во 14:00

Градежниот факултет Скопје има огромна чест да најави две повикани предавања во живо од реномирани професори од Факултетот за градежништво и животна средина при Рур Универзитетот во Бохум, Германија.

 

Академик проф. д-р Питер Марк, раководител на Институтот за бетонски конструкции и еминентен експерт во проектирање, проценка и мониторинг на бетонски мостови, ќе одржи покането предавање посветено на најновите трендови и современите пристапи во областа на мостовските конструкции.

Предавањето е организирано во рамките на предметот Армиранобетонски мостови на втор циклус на студии на Градежниот факултет Скопје.

Време: 29.12.25 (понеделник) 14:00ч

Место:  Училна 3 (Едукативен центар „Знаење +“, 2 кат, Северно крило)