Повик за вработување – Централна Кооперативна Банка АД Скопје
Централна Кооперативна Банка АД Скопје е заинтересирана за воспоставување соработка со Градежниот факултет преку можност за вработување на студент или дипломиран инженер од нашата институција.
Банката има потреба од кандидат кој ќе биде дел од Дирекцијата надлежна за проценка на имот.
Позицијата не бара претходно работно искуство, а избраниот кандидат ќе има можност да стекне практично искуство, менторска поддршка и професионален развој во динамична деловна средина.
Оваа можност е идеална за дипломци или студенти во завршна година кои сакаат да ја применат својата стручна подготовка во пракса и да градат кариера во областа на процената на имот.
👉 Заинтересираните кандидати можат директно да ја контактираат Централна Кооперативна Банка АД Скопје на следната е-пошта:
📧 HR@ccbank.mk
