Соопштенија

Покана за учество на СКЕЕОР

Почитувани,

       Ние сме студентско здружение за промоција на енергетска ефикасност и одржлив развој, во рамките на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје. Секоја година организираме Студентска Конференција за Енергетска Ефикасност и Одржлив Развој, на која учествуваат студенти од повеќе земји со поднесување и презентирање на труд, кој потоа се објавува во Зборник. Основната идеја на конференцијата е размена на идеи и мислења меѓу студентите, професорите и претставниците од енергетските компании со што би се направил чекор напред кон решавање на дел од проблемите од областа на енергетска ефикасност и одржлив развој.

       Ни претставува особено задоволство да ги поканиме студентите oд Градежен Факултет на јубилејното, десетто издание на Студентската конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“ – СКЕЕОР – која ќе се одржи од 26 до 29 октомври 2022 година, во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Поради сродноста на нашите образовни позадини, но и во името на зајакнувањето на научната продуктивност и соработка во македонската студентска заедница, ги охрабруваме сите заинтересирани студенти да ги пријават своите трудови на Повикот за трудови. Рокот за поднесување апстракт е 25 септември, а рокот за поднесување на завршниот труд е 5 октомври.

Сите информации за Конференцијата редовно се споделуваат на профилите на СКЕЕОР на FacebookInstagram и LinkedIn. За какви било прашања може да ни се обратите на skeeor.sceesd@gmail.com.

Со почит,

Организациски одбор -СКЕЕОР
________________________________________________________________
 
Kind regards,
Organizing committee -SCEESD