ВОИ20

Предмет: Имплементација на нов начин на прибирање на податоците со образецот ВОИ-20

Почитувани студенти,

Сакаме да ве информираме дека Државниот завод за статистика (ДЗС), во соработка со Министерството за дигитални трансформации (МДТ), имплементира нов начин на онлајн прибирање на податоците со образецот ВОИ.20 преку услуга поставена на Националниот портал за е-услуги.

До услугата може да се пристапи директно на линкот: https://uslugi.gov.mk/service/obrazec-za-zapishani-studenti-na-dodiplomski-studii-na-fakultetite-i-visokite-struchni-shkoli-voi-5793 или со скенирање на QR-кодот:

Секој студент со активен кориснички профил на ниско ниво може да го пополни образецот и притоа од системот ќе добие два официјално потврдени документи со електронски печат на ДЗС:
  1. Генериран образец и
  2. Потврда за успешно доставен образец
Студентите се должни Потврда за успешно доставен образец да ја достават при запишувањето на семестарот (откако ќе добијат број на индекс), најдоцна до 1.10.2026 година.