Прв циклус
На Градежен факултет-Скопје се организираат студии на прв циклус по три студиски програми (за студенти запишани од 2023/2024):
На Градежен факултет-Скопје се организираат студии на прв циклус по три студиски програми (за студенти запишани од 2018/2019):
Студентите запишани на прв циклус на студии во учебните години 2013/2014 – 2017/2018 студираат според следните студиски програми:
Во изминатиов период, Градежниот факултет постојано ја проширува, унапредува и ја збогатува дејноста, приспособувајќи се на светските текови и стандарди, како и на потребите на стопанството и општествената заедница. Наставните планови и програми за студиите за градежништво постојано се усовршувани во сообразност со напредокот на науката и техниката, а од друга страна и во согласност со промените што настанувале во нашето општество, како и со потребите на градежништвото. Повеќепати се менувани и усовршувани системите на студирањето и методите на наставата. Благодарение на таквата политика, дипломираните инженери од овој факултет се покажаа како добри стручно оспособени лица и се добро прифатени не само кај нас, туку и во светот.
Во поглед на наставата, од учебната 2004/05 година, а врз база на одлуката на 308-та седница на Наставно-научниот совет на Градежниот факултет, одржана на ден 9.03.2004 год., универзитетските (академски) додипломски студии по градежништво на трите насоки (конструктивна насока, хидротехничка насока и насока за патишта и железници) се реформирани согласно критериумите пропишани со ЕКТС според моделот 4+1+3 (4 години додипломски студии + 1 година последипломски студии + 3 години докторски студии). Елаборатот и студиските програми беа усвоени од страна на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, како и од Одборот за акредитација на РМ. Ова значи дека на студиската програма за градежништвото, во изминатиот период се реализираа студиите од првиот циклус, односно академски додипломски студии по градежништво, во траење од четири години, со оптоварување од 240 кредити согласно Болоњската декларација и ЕКТС.
Поаѓајќи од овие аспекти, а и поради фактот дека најголем дел од градежните факултети во Европа преминаа на систем на студирање 3+2+3 (три години за прв, две за втор и три за трет циклус на студии), Наставно-научниот совет на Градежниот факултет на својата 380 Седница, а врз основа на претходни детални анализи донесе одлука да се иновира наставата по концепт на студирање 3+2.
Се работи за програма со која се планира да се обезбеди амбиент за едукација на студентите со задоволување на следните основни цели:
- Експлицитно формирана структура на студиите,
- Формирање на наставни предмети и наставни материи,
- Целосно усогласување на наставните предмети и материи со околните универзитети кај нас, на Балканот и во Европа.
- Формирање на кадровски потенцијал по наставни материи поврзани со градежништвото низ трите основни гранки, конструктерско, хидротехничко и инженерство за патишта и железници
- Едукација на постојниот кадровски потенцијал
- Мобилност на наставен кадар со партнерските универзитети
- Мобилност на студенти со партнерските универзитети
- Оформување на информациски центар
- Одржување и развој на постојните лаборатории
- Одржување и развој на библиотека со богат книжен фонд, со наслови тесно поврзани со областа на студиите.