Еднодневна теренска настава по предметот Специјални конструкции на колосек и долги шински ленти
На ден 5.11.2024 година во организација на членовите на Катедрата за железници беше реализирана еднодневна теренска настава по предметот Специјални конструкции на колосек и долги шински ленти. Практичната настава се одвиваше на делницата Скопје – Велес, железничка станица Зелениково – железничка станица Кадина река. За време на посетата, студентите имааа можност да се запознаат со организација на работите при „затвор“ на пруга, промена на стари и поставување на нови шини, AT заварување, горен строј на железници (шини, колосечен прибор, засторна призма) и друго. Градежниот факултет во Скопје изразува благоданост до ЈП Македонски железници – инфрастурктура и Раководителот на ЗОП – Скопје, г-дин Сашо Цветановски, за укажаната можност.