Едукативен ден на Градежниот факултет со децата од градинката ЈУДГ ОЦ Кочо Рацин Скопје
На 13 ноември 2025 година, на Градежниот факултет ни беше вистинско задоволство да угостиме група најмлади посетители – дечињата од градинката ЈУДГ ОЦ Кочо Рацин Скопје!
За нив беше организирана едукативна презентација каде што научија како настануваат земјотресите, како се создава бетон и уште многу други интересни факти од светот на инженерството, како и посета на лабораторијата за геотехника.
Прекрасно е да се види колку љубопитност и радост донесоа овие мали посетители. Веруваме дека меѓу нив се кријат идните градежни инженери 👷♂️🏗️
Голема благодарност до воспитувачките и малите истражувачи за прекрасната посета. Секогаш сте добредојдени повторно!
