КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИИ НА ОКТА АД – СКОПЈЕ ЗА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ЗА АКАДЕМСКАТА 2025-2026 ГОДИНА
ОКТА АД – Скопје, членка на HELLENiQ ENERGY, во рамките на програмата за Корпоративна општествена одговорност што ја спроведува, 7- ма година по ред го објавува конкурсот за доделување стипендии за постдипломски студии на факултетите при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ од Скопје и во странство за академската 2025/2026 година.
Преку својата програма за стипендии за втор циклус на студии, ОКТА АД – Скопје, членка на HELLENiQ ENERGY континуирано и доследно ги поддржува студентите од последната година од прв циклус студии или дипломираните студенти кои се стекнале со високо образование и сакаат да го продолжат своето образование стекнувајќи дополнително знаење и специјализација во области поврзани со активноста на Компанијата.
Ќе се доделат до 2 стипендии за редовни студии со максимално времетраење од две години, за стекнување на диплома за завршен втор циклус на студии. Една меѓународна стипендија за која ќе може да се аплицира на универзитети во следните земји: Грција, Германија, Италија, Белгија, Швајцарија, Норвешка, Холандија, Данска и Англија. Една за факултетите при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ од Скопје, Република Северна Македонија во следните научни области:
Градежен факултет:
Градежништво-Градежни конструкции
Градежништво-Хидраулично инженерство
Градежна и транспортна инфраструктура
Геотехничко инженерство
Факултет за електротехника и информатички технологии:
Енергетски системи
Електрична енергија
Автоматика, роботика и системско инженерство
Машински факултет:
Индустриско инженерство и менаџмент
Управување со системи за безбедност и здравје при работа
Енергија и екологија
Автоматизација и инженерство на флуиди
Одржлива енергија и животна средина
Материјали, заварување и структурно инженерство
Механика и машински системи
Менаџмент и контрола на квалитет
Технолошко-металуршки факултет:
Дизајн и менаџмент на технолошки процеси-
Менаџмент на квалитет
Металургија и метални материјали
Инженерство на животна средина
ОПШТИ БАРАЊА
Кандидатите мора да ги исполнуваат следните барања:
- Мора да бидат државјани на Република Северна Македонија по националност и раѓање.
- Нивната возраст не треба да надминува 30 години (мора да се родени по 31.12.1994)
Кандидатите со докажано професионално искуство поврзано со студиските предмети може да аплицираат за стипендијата, но не треба да се постари од 32 години (мора да се родени по 31.12.1992).
- Мора да имаат диплома за завршен прв циклус на студии од факултетите при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје.
- Мора да имаат диплома од УКИМ со просечна оценка8/10
- Секој кандидат кој не го постигнал горенаведениот успех може да аплицира, но просечната оценка на кандидатот треба да биде во рамката на 10% од најдобрите студенти во годината на дипломирање.
- Кандидатите мора да имаат писмена понуда од факултетот за постдипломски студии што имаат намера да ги следат или веќе се запишани на истите. Исто така, може да се пријават и оние студенти кои веќе посетуваат / ја имаат завршено првата година од двегодишната постдипломска студиска програма и имаат постигнато висок просек на испитите од 1-ва година.
- Сите пријави од вработени во Компанијата, како и нивните роднини од прв степен, нема да бидат прифатени.
- Стипендиите се доделуваат само за редовни студии. Пријавите за вонредни студии или онлајн студии нема да бидат прифатени.
- Датумот на почеток на користење на стипендијата се одредува според официјалниот датум на започнување на соодветната студиска програма. Стипендиите не се доделуваат ретроактивно.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 18 мај, 2025, без можност за продолжување на истиот. Сите апликации може да се пратат само електронски на следниот линк: https://scholarships.helleniqenergy.gr/rnm.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Се повикуваат кандидатите да ги достават пријавите и следните дополнителни документи само по електронски пат на https://scholarships.helleniqenergy.gr/rnm.
- Најнова фотографија од кандидатот.
- Фотокопија од лична карта или пасош.
- Копија од диплома/диплома со завршна забелешка и потврда за детални оценки за сите години или потврда за детални оценки со просечна оценка до датумот на пријавување, која мора да биде најмалку 8/10.
- За апликантите кои не ги исполнуваат критериумите за просекот споменати во ОПШТИТЕ БАРАЊА, потребна е потврда од секретаријатот на факултетот дека нивната просечната оценка е во рамката на 10% од најдобрите студенти во годината на дипломирање.
- Кандидатите кои аплицираат за стипендија за втора година од нивните постдипломски студии се должни да испратат потврда за детални оценки за сите испити од 1-ва година на нивните студии.
- Уверение за упис или писмо за прифаќање на постдипломска студиска програма или копија од кореспонденцијата на кандидатот за стипендија со универзитетот со која се докажува дека нивната апликација е завршена.
- Официјален документ (на пр. извадок од регулативата за студии) во кој се наведува програмата, времетраењето (почетокот и, ако е можно, датумите на завршување) и трошоците за школарина на планираните студии.
- Писма со препораки од професори на универзитетот каде што кандидатите ги завршиле студиите. Овие писма мора да бидат соодветно потпишани. Уверение за претходно работно искуство на кандидатот, под услов таквото претходно работно искуство да е дефинирано како услов за негово прифаќање на универзитетот каде што има намера да студира или нивната возраст надминува 30 години и нивното претходно работно искуство е релевантно за постдипломската студиска програма за која аплицира за стипендија.
- Детално и ажурирано CV на локален јазик. Сите стипендии, награди и познавања на странски јазици кои може да се споменат во CV-то мора да бидат потврдени со официјални документи.
- По сопствено убедување, може да се сподели детаљ од личната состојба кој сметате дека Комисијата за евалуација треба да го знае како на пр. Дека сте невработени, имате некаква попреченост, сте член на големо семејство, како и да пратите документ како доказ за истото.
ПОСТAПКА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Кандидатите мора да ја пратат апликацијата на онлајн платформата која може да се најде на следниот линк: https://scholarships.helleniqenergy.gr најдоцна до 18 мај 2025.
Сите дополнителни документи може да се испратат по електронски пат на scholarships@helleniq.gr, наведувајќи го во насловот соодветниот број на протокол на кандидатите, кој тие ќе го добијат електронски веднаш по поднесувањето на нивната апликација.
Кандидатите можат да аплицираат само за една од одредените студиски програми на некој од следните факултети (Градежен факултет, Факултет за електротехника и информатички технологии, Машински факултет, Технолошко-металуршки факултет) за стипендија во Република Северна Македонија или на некој од универзитетите кои ги покриваат овие научни области во: Грција, Германија, Италија, Белгија, Швајцарија, Норвешка, Холандија, Данска и Англија.
Испраќањето на апликацијата не значи нејзино прифаќање. Во постапката за евалуација ќе бидат вклучени само апликациите кои ги исполнуваат сите услови од овој конкурс.
ПРОЦЕДУРА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА
Комисијата за евалуација, кој се состои од менаџери на компанијата, ќе ги покани, по свое убедување, создадена врз основа на критериумите на конкурсот, кандидатите на онлајн интервју; потоа ќе ги избере најуспешните и ќе му го достави конечниот список со предложени стипендисти на Менаџментот.
Менаџментот на компанијатаќе одлучи по свое убедување за изборот на стипендистите и бројот на стипендии што ќе се доделат во секоја научна област, во зависност од квалификациите, разликите и потребата за финансиска поддршка на кандидатите. Одлуките на менаџментот не подлежат на приговори или жалби.
Резултатите од евалуацијата ќе бидат објавени на https://scholarships.helleniqenergy.gr/rnm
и на www.helleniqenergy.gr за интернационалната стипендија во август, а за националната стипендија ќе бидат објавени до крајот на октомври.
Секој кандидат ќе биде известен за резултатите преку електронска пошта.
ФИНАЛНА ФАЗА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИИТЕ
Процесот на доделување на стипендиите завршува со потпишување на договорот за доделување на стипендијата.
По објавувањето на резултатите за стипендијата, стипендистот нема право да ја менува наставната програма за која аплицирал, освен по основ на виша сила, кој Комисијата за евалуација и менаџментот на компанијата ќе го оцени како издржан.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
Датумот за почеток на користење на стипендијата е дефиниран врз основа на официјалниот датум на почеток на студиите.
Вкупното времетраење на стипендијата не може да го надмине минималното времетраење на студиите определено со наставната програма на која кандидатот е примен. Максималното времетраење на стипендијата е определено на две години, без можност за продолжување.
Доделувањето на стипендијата може да биде суспендирано по барање на стипендистот, за период помал од 9 месеци, доколку постојат сериозни основи.
Менаџментот на ОКТА АД – Скопје ќе одлучи, по свое убедување, да ја отповика или дури и трајно да ја откаже стипендијата, во случај на незавршување или прекинување на студиите од страна на стипендистот или во случај кога раководството на компанијата има сериозни основи за тоа (еволуција на студии, морални квалитети на стипендист и сл.).
ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА И ИСПЛАТА
Стипендиите ја покриваат школарината за 2 стипендии, во вкупен износ од седум илјади евра. Националната стипендија во вкупен износ до две илјади евра и интернационалната стипендија во вкупен износ до пет илјади евра.
Овој износ е највисокиот износ кој може да се исплати.
Времетраењето на студиите не може да биде помалку од 9 месеци. Пресметката за времетраењето на стипендијата се основа на најкраткото време, кое е дефинирано врз основа на студиските регулативи за одредената година и типот на студии.
ОБВРСКИ НА СТИПЕНДИСТИТЕ
Стипендистите ги преземаат следните обврските::
- Да ги испратат нивните детални оценки веднаш по објавувањето на резултатите од секој семестар (официјален универзитетски документ)
- Испратат извештај за напредок за секој семестар од студиите.
- По завршување на пост дипломската програма, да испратат копија од дипломата, завршен извештај за научните достигнувања и активности и нивната програма за следните неколку години.
- Го споменат нивниот статус како стипендисти на ОКТА АД – Скопје во нивното CV, во секоја научна комуникација или проект кој се реализира во текот на студиите, како и во нивните завршни тези.
- По завршувањето на студиите и во разумен временски период, поднесат копија од насловната страница на нивната теза и внатрешните страници, каде се споменува стипендијата од ОКТА АД – Скопје.
- По завршувањето на студиите, да прифатат да бидат вработени во компанијата, доколку тоа е побарано и под услов да не постои практична пречка од нивна страна, што тие мора да ја изнесат и менаџментот на компанијата мора да ја прифати, доколку смета дека е разумна.
- Да се регистрираат во глобалната алумни заедница на HELLENiQ ENERGY
- Обезбедуваат писмени информации на годишно ниво во врска со нивниот академски или професионален развој, 3 години по завршувањето на стипендијата.