Летна школа на Универзитетот Јоанеум од Грац, Австрија
Во периодот од 3-7 јуни 2024 година на Универзитетот Јоанеум од Грац, Австрија беше организирана летна школа Green Transformation. Во активностите на оваа летна школа учество земаа проф. Елена Думова-Јованоска како предавач и студентите Андреј Стефаноски од прв циклус студии градежништво, Марија-Елена Ицковска и Мила Николиќ од втор циклус студии градежништво-конструкции.
Беше тоа ретка можност нашите студенти да учат и работат во мешани тимови на студенти од различни земји: Австрија, Финска, Индија, Хрватска и Србија, но и од повеќе инженерски ппрофили: машинство, индустриски менаџмент, информатика и градежништво. Мешовитите тимови имаа задача да предложат и разработат остварлив бизнис план за „зелени практики“ во работењето на Универзитетите.
Не помалку интерсна беше можноста да се вклучат во работата на Завршната конференција на ERAZMUS Проектот GREENOVET, на кој како предавачи беа поканети претставници на четири континенти да ги споделат своите искуства од спроведувањет на зелена агенда и догитализацијата.
Домаќините се погрижија да има незаборавни моменти за дружење и посети на преубавиот Грац и неговата околина.
Заслужува да се посочи дека CEEPUS Мрежата и Градежниот факултет финансиски го овозможија учеството на тимот од Градежен факултет на оваа летна школа.