Пракса на студентите од ГФ – насока: Транспортна ифраструктура
За студентите на Градежен факултет насока: Транспортна инфраструктура од Прв и Втор Циклус на студии по предметите „Горен строј на патишта“ и „Управување и одржување на патишта“, во рамките на наставата во летниот семестар, реализирана е еднодневна Практична настава.
Праксата се реализираше во соработка на предметниот наставник Проф. д-р Горан Мијоски со Фабриката за битумен и битуменски производи „БИМ“ од Свети Николе и Претседателот на Бордот на директори, г-дин Стојанче Стојанов.
Студентите имаа прилика да се запознаат и го видат она што теоретски го изучувале во текот на семестарот, а подоцна по нивното вработување да го користат во нивната професионална работа.
Во ф-ката „БИМ“ од Свети Николе која патем е прва од овој вид на Балканот, студентите ги посетија сите производни погони, лабораторијата за испитување на битумени, а се одржа и предавање за палетата на производи од оваа ф-ка.
Целта на оваа пракса беше студентите да се запознаат со материјалите кои потекнуваат од битумен и кои се користат при изградба на патиштата – коловозните конструкции.