Првиот академски час 01.10.2025
Почитувани колешки и колеги,
Нови студенти на Градежeн факултет Скопје,
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Скопје, традиционално, организира свечен настан по повод почетокот на новата академска 2025/2026 година.
Првиот академски час, кој има за цел да ги обедини сите бруцоши на едно место, заедно со целата академска заедница, ќе се одржи на 1 октомври 2025 година, на платото кај паметникот на светите Кирил и Методиј, со почеток во 10:00 часот.
Во рамките на свечената програма ќе бидат доделени индекси на по еден нов студент од секој факултет, односно на прворангираниот на Градежен факултет Скопје. Потоа, Градежен факултет Скопје ве кани во Амфитеатарот на факултетот (I кат) од 12:00 часот, на свечен час и забава на факултетот:
Програма:
12.00 – 12.15 ч. Кратко обраќање до новозапишаните студенти
12.15 – 13.00 ч. Отворена трибина за Дигитализација во градежништвото
13.00 – 13.45 ч. Ориентација и запознавање со Градежeн факултет Скопје
13.45 – 15.00 ч. Забавен дел во паркот пред Градежeн факултет Скопје
Се гледаме наскори кога ќе ви посакуваме успешни студии и убави студентски денови.
Со почит,
Деканат на Градежeн факултет Скопје
