Соопштенија

ПРВО МЕСТО ЗА ГФ СКОПЈЕ НА ALLPLAN STUDENT COMPETITION 2022

Во период од 20 – 23 јули 2022 година во Подгорица, Црна Гора се одржа голем Allplan натревар на студентите Allplan Student Competition 2022. Организатори на ова натпреварување беа Градежен факултет при Универзитет во Црна Гора и компанијата Baldinistudio, Baldinistudio International и Baldinistudio Словенија.

За времетраење на натреварувањето, беа организирани стручни предавања од страна на спонзорите, како и стучна посета на тукушто отворениот автопат Смоковац – Матешево.

Целта на ова натреварување е промоција на дигитализацијата во градежништвото, BIM начин на работа кој стана претпознатлив бренд ширум светот.

Allplan Student Competition 2022 претставува мост кој овозможува премин од класичен начин на работа во BIM технологија. Студентите работеа на изработка на модел, армирање и подготовка на нацрти во принт форма применувајќи го BIM софтверот Allplan.

На ова натпреварување учество земаа 13 екипи од област градежништво и 7 екипи од област архитектура од 6 земји во регионот, и тоа од, Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

Посебно задоволство ни претставува, што екипата од Градежниот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, претставувана од студентите Никола Нисев, Софија Душановска и Симона Бозароска, во многу силна конкуренција го освоија првото место на ова Allplan натреварување.

1

2345