Соопштенија

Програма за пракса на Германското Стопанство за земјите од Западен Балкан

Почитувани студенти,
Internship Programme of German Business for the Countries of the Western Balkans односно „Програмата за пракса на Германското Стопанство за земјите од Западен Балкан“ (www.stipendienprogramm.org) ги охрабрува студентите и младите дипломци да се стекнат со нивното прво работно искуство во водечки германски компании во Германија.
Низ последните 20 години, имаме поддржано над 1000 студенти и млади дипломци од целиот регион на овој пат. Секој од нив помина од три до шест месеци во Германија, каде имаа можност да го прошират нивното знаење од факултет и да го применат во пракса. По враќањето во нивните држави, секој од нив најде квалификувана работа многу полесно. Обично е потребно максимум од три месеци за да нашите алумни ја добијат посакуваната работа. Дополнително, нашите стипендисти се организирани во регионална алумни мрежа, преку која остануваат во контакт и се континуирано дел од обуки според потребите на локалниот пазар на труд. Нас посебно нè прави среќни тоа што со нашата Програма за пракса на германското стопанство придонесуваме за да се спречи одливот на мозоци во С. Македонија. Ние ја нудиме можноста за дополнителна доедукација во Германија за напредок на кариерата при враќањето назад во сопствената држава.
Повикот за апликации за новата генерација ќе биде отворен од 1ви Октомври 2024 до 14ти Ноември 2024.
Апликантите може да се информираат за бенефитите од нашата Програма и постапката за апликација на нашата веб страна: www.stipendienprogramm.org

Screenshot_24-6-2024_11059_

Screenshot_24-6-2024_11123_