Стипендирано студирање
Стипендирањето на новозапишаните студенти во прва година се врши согласно поените остварени при запишување на Градежен факултет. Првите 10 рангирани со најголем број поени, независно на која студиската програма, добиваат стипендии од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ по донесена Одлука од страна на Ректоратот, за тековната академска година.
Студентите рангирани од 11 до 20 место при запишување на Градежен факултет, независно на која студиската програма, добиваат стипендии од Фондацијата за стипендирање студенти на Градежен факултет, по донесена Одлука од страна на Деканатот, за тековната академска година.
Од учебната 2018/19 година, Друштвото за геотехника доделува 5 стипендии на најдоброрангираните кандидати при запишување на прв циклус на студиската програма Геотехничко инженерство.
Стипендирањето во втора и трета година се врши на најмногу 10 студенти од секоја година, и тоа на студентите кои оствариле просек од најмалку 9.00 и ги положиле сите предмети заклучно со сесијата август/септември.
Ректоратот при Универзитетот, Градежниот факултет Скопје и Друштвото за геотехника го задржуваат правото и да не донесат вакви одлуки во тековната академска година.