Соопштенија

Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје прославува 75 години од своето основање.

Оваа година Градежниот факултет при Универзитетот

„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

прославува 75 години од своето основање.

По повод овој значаен јубилеј Факултетот организира

низа настани поврзани со неговите дејности.

Централнaта манифестација – Свечената академија пропратена со меѓународната

конференција насловена „Од логаритмар до вештачка интелигенција“

се одржаа на 3. и 4. октомври 2024 година во исполнетите сали на

Македонската филхармонија. Им благодариме на сите учесници и

гости кои со своето присуство и презентации придонесоа за впечатливото

одбележување на нашиот 75-ти роденден.

Голема благодарност и до Пријателите на Градежниот факултет кои,

покажувајќи завидна општествена одговорност, ја овозможија успешната

организација на овие настани.