Соопштенија

Свечен прв час – 2.10.2023 (понеделник)

Свечен прв час – 2.10.2023 (понеделник)

 

Почитувани колешки и колеги

нови студенти на Градежниот факултет

 

Ве информираме дека Свечениот прв час со кој ќе се одбележи Вашето отпочнување на студиите на Градежниот факултет УКИМ во Скопје ќе се одржи во

Амфитеатарот на факултетот (I кат), на 2.10.2023(понеделник) со почеток во 11:00 часот.  

 

После поздравните обраќања и потребните информации, индексите ќе ви бидат врачени на платото пред главниот влез од страна на најдобрите актуелнистуденти на факултетот, по што ќе следи пригодно заедничко другарување.

 

Воедно ве информираме дека редовната настава ќе започне на 3.10.2023 год. (вторник)

според објавениот распоред на часови.

 

Ви посакуваме успешни студии и убави студентски денови.

 

Со почит,

 

Деканат на

Градежниот факултет