Донација на опрема од Меѓународната Агенција за Атомска Енергија (МААЕ)
Преку учество во проектот RER7017 Project: Ensuring Water Availability in a Changing Climate поддржан од страна на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија (МААЕ), Членовите на Катедрата за хидраулика, хидрологија и уредување на водотеците (КХХУВ) при Градежниот факултет проф. Д-р Виолета Ѓешовска и Бојан Илиоски (студент на третиот циклус на студии на Градежниот факултет) обезбедија донација во вид на опрема во висина од 22 000 евра.
Донацијата е во вид нна опрема и се состои од:
- Мерно крило: инструмент за мерење на брзини на вода (број 1)
- Трасер: Систем за следење TQ-S, мобилен систем за мерење на проток за турбулентни реки со непознат профил на пресек, трасер за сол (број 1)
- Дождомери: Колектори за дожд PALMEX (број 3)
- Дополнителна опрема и потрошен материјал за земање на проби (сифони, шишиња, филтри и сл.).