Работилница – СПРАВУВАЊЕ СО ШУМСКИ ПОЖАРИ
Во просториите на Градежниот факултет при УКИМ во Скопје се одржа работилница како дел од „Изработка и развој на план за управување со водните ресурси во поддршка на превенцијата и подготовката за пожари “, која се реализира во рамките на Landscape Fire Management in the Western Balkans (LFMWB) Programme ( https://lfmwb.net/ ). Главна цел на студијата е да се детектираат локации на територијата на нашата земја во кои постои високо ниво на опасност од појава на шумски пожари а слаби услови за навремена реакција за спречување на ширење на пожарите. Во првата фаза од студијата дефинирани се 27 такви локации кои се наоѓаат на териториите на десет општини групирани во четири региони и тоа: Западен регион (Македонски Брод и Крушево), Централен регион (Неготино, Чашка), Североисточен регион (Кратово, Ранковце), Источен регион (Виница, Кочани, Чешиново Облешево). Во Втората фаза од студијата планирано e да се разработат стратегии за подобрување на условите за навремена реакција. Упатуваме голема благодарност до сите учесници за отворената дискусија и вредниот придонес кон постигнување на поставените цели во студијата. 📸 Погледнете дел од атмосферата на фотографиите подолу.

