Геодезија – трет циклус

Студиите на третиот циклус по геодезија во рамките на Градежниот факултет – Скопје за прв пат се организираат во студиската година 2021/2022. Главната цел на студиската програмата на трет циклус студии по геодезија е да понуди напредни мултидисциплинарни знаења од полето на геодезијата и клучните нејзини области и подобласти.

Раководител на Советот за докторски студии по геодезија e вонр. проф. д-р Златко Богдановски.

Технички секретар на Советот за докторски студии по геодезија е м-р Томе Геговски.

Карта на студиска програма за геодезија

Вид на програмаДокторски студии по геодезија (трет циклус)
Назив на студиската

програма

МакедонскиТрет циклус -докторски студии по Геодезија
АнглискиThird cycle – PhD studies in Geodesy
АкронимГД
Институција

предлагач

Градежен факултет при

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје

Траење3 години (6 семестри)
ЕКТС180 кредити

1. Обука за истражување и едукација – 42 ЕКТС – кредити

2. Изработка на докторска дисертација – 138 ЕКТС – кредити

 

ЈазикМакедонски – Англиски
Назив на дипломатамакедонскиДоктор на технички науки
англискиDoctor of Technical Sciencies

Студиската програма за трет циклус студии по геодезија по обем е организирана во соглас-ност со Законот за високото образование, како и Правилникот за трет циклус студии при УКИМ. Студиската програма се состои од два главни дела:

  1. Обука за истражување и едукација во обем од 42 ЕКТС – кредити.
  2. Изработка на предлог докторски проект, истражување, учество на годишни конферен-ции и семинари, мобилност, учество на меѓународни собири, изработка и одбрана на докторска дисертација во обем од 138 ЕКТС – кредити.

Обука за истражување и едукација

Организираната академска обуката за истражување и објавување резултати се состои од три предмети за стекнување генерички знаења и вештини за истражување, што изнесува 12 ЕКТС-кредити и тоа:

  • Етика во научноистражувачката работа (3 EKTС);
  • Методологија на научно истражувачка работа (3 EKTС);
  • Eден предмет од листа на изборни предмети од третата група предмети за стекнување на генерички знаења и вештини за истражување – Универзитетска листа на изборни предмети од трет циклус на студии (6 EKTС).

Делот на едукацијата опфаќа предмети од полето, пошироката и потесната област на истражување, што изнесува 30 ЕКТС – кредити.

Наставните предмети од делот за Едукација на студиската програма од трет циклус студии по геодезија се поделени во три групи:

  • Група A – наставни предмети од областите на математика и иформатика;
  • Група Б – наставни предмети од пошироката област на истражување и
  • Група В – наставни предмети од потесната област на истражување.

Активности во прв семестар од докторските студии

1 Семестар
Р.Б.КодТип на предметНаставен предметЕКТСПрипадност

согласно ЗВО

11.1ЗадолжителенЕтика во научноистражувачката работа3Академска обука
21.2ЗадолжителенМетодологија на научноистражувачка работа3Академска обука
31.3ИзборенПредмет за стекнување генерички знаења и вештини за истражување од универзитетска листа на изборни предмети6Академска обука
41.4ИзборенПредмет за стекнување на напредни знаења од група А6Академска обука
51.5ИзборенПредмет за стекнување на напредни знаења од група Б6Академска обука
61.6ИзборенПредмет за стекнување на напредни знаења од група В6Академска обука
Вкупно :30  

Активности во вториот семестар од докторските студии

2 Семестар
Р.Б.КодТип на предметНаставен предметЕКТСПрипадност

согласно ЗВО

12.1ИзборенПредмет за стекнување на напредни знаења од група В6Академска обука
22.2ИзборенПредмет за стекнување на напредни знаења од група В6Академска обука
32.3ЗадолжителенИстражувачка работа под менторство (подготовка на предлог проект за докторски труд)14Независен истражувачки проект под менторство
42.4ЗадолжителенПрва годишна конференција4Предавања и друг вид на комуникациски активности
Вкупно :30  

Делот на едукацијата како што беше погоре истакнато е во обем од 30 ЕКТС кредити и опфаќа пет наставни предмети кои ги избира кандидатот во договор со менторот:

  • Еден наставен предмет од група А, од областите на математика и информатика; (Во зависност од потребите на кандидатот и во согласност на менторот, изборот на предмет од областа на математика и информатика може да се спроведе на друга единица од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на друг државен универзитет, или на универзитети во Европа и светот со кои Универзитетот има склучено билатерални договори за соработка).
  • Еден наставен предмет од група Б, од пошироката област на истражување и
  • Три наставни предмети од група В, од потесната област на истражување.

Едукацијата се спроведува од страна на Градежниот факултет во Скопје. Дел од едукацијата, по избор на кандидатот, а со согласност на менторот, може да се спроведе на друга единица од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на друг државен универзитет, или на универзитети во Европа и светот со кои УКИМ има склучено билатерални договори за соработка.

Aктивна истражувачка работа и изработка на докторска дисертација

Во вториот семестар, почнувајќи со подготовка на предлог-проект за докторскиот труд, кандидатот започнува со изработката на докторската дисертација, што ги опфаќа следниве активности:

  • независен истражувачки проект за изработка на докторскиот труд под менторство (докторски проект), што содржи истражувачка работа под менторство и поднесување на предлог-докторски проект за изработка на докторски труд и се вреднува со 41 ЕКТС-кредити;
  • меѓународна мобилност, најмалку еднонеделен престој, што се вреднува со 6 ЕКТС-кредити;
  • предавања и друг вид комуникациски активности, што содржи учество на семинари и конференции, што се вреднува со 18 ЕКТС-кредити;
  • објавување во референтни научни публикации и активно учество на меѓународни собири во врска со докторскиот труд, што се вреднува со 27 ЕКТС-кредити;
  • изработка и јавна одбрана на докторски труд врз основа на докторски проект, што се вреднува со 46 ЕКТС-кредити.

Активности во трет семестар од докторските студии

3 Семестар
Р.Б.КодТип на предметНаставен предметЕКТСПрипадност

согласно ЗВО

13.1ЗадолжителенПредлог – докторски проект27Независен истражувачки проект под менторство
23.2ЗадолжителенПрв докторски семинар3Предавања и друг вид на комуникациски активности
Вкупно :30  

Активности во четврти семестар од докторските студии

4 Семестар
Р.Б.КодТип на предметНаставен предметЕКТСПрипадност

согласно ЗВО

14.1ЗадолжителенИзработка на докторски труд20Изработка и јавна одбрана на докторскиот труд врз основа на докторскиот проект
24.2ЗадолжителенМеѓународна мобилност6Меѓународна мобилност
34.3ЗадолжителенВтора годишна конференција4Предавања и друг вид на комуникациски активности
Вкупно :30  

Активности во петти семестар од докторските студии

5 Семестар
Р.Б.КодТип на предметНаставен предметЕКТСПрипадност

согласно ЗВО

15.1ЗадолжителенАктивности за објавување на два труда во референтна научна публикација20Објавување во референтни научни публикации и активно учество во меѓународни собири во врска со докторскиот труд
25.2ЗадолжителенУчество на меѓународен собир7Објавување во референтни научни публикации и активно учество во меѓународни собири во врска со докторскиот труд
35.3ЗадолжителенВтор докторски семинар3Предавања и друг вид на комуникациски активности
Вкупно :30  

Активности во шести семестар од докторските студии

6 Семестар
Р.Б.КодТип на предметНаставен предметЕКТСПрипадност

согласно ЗВО

16.1ЗадолжителенТрета годишна конференција4Предавања и друг вид на комуникациски активности
26.2ЗадолжителенОдбрана на докторскиот труд26Изработка и јавна одбрана на докторскиот труд врз основа на докторскиот проект
Вкупно :30  

Документи и корисни линкови