Доц. д-р Слободан Огњеновиќ e член на Катедрата за патишта. Дипломирал на Градежен факултет-Скопје при УКИМ во 2000 година, магистрирал во 2007 година а докторирал во 2014 година на Градежен факултет-Скопје при УКИМ. На прв циклус ги предава следните предмети: „Патишта“, „Проектирање патишта“ и „Патни јазли“на СП Градежништво. На втор циклус ги предава следните предмети: „Проектирање патишта II“, „Градски сообраќајници“, „Градски сообраќајници II“, „Ревизија на безбедноста на патиштата“ и „Компјутерско проектирање“ на СП Градежништво- транспортна инфраструктура.