Проф. д-р Владимир Витанов e член на Катедрата за механика и материјали. Дипломирал на Градежен факултет-Скопје при УКИМ во 1999 година, магистрирал на магистерските студии „Пресметковно инженерство“ на Рур-Универзитет Бохум, Германија во 2002 година а докторирал на Градежен факултет-Скопје при УКИМ во 2012 година во рамки на школата за докторски студии SEEFORM.
Проф. д-р Владимир Витанов е редовен професор и истражувач во областа на механика на конструкции, пластичност и напредни нумерички методи. Неговата работа е насочена кон развој и примена на компјутерски пристапи за анализа на сложено и нелинеарно однесување на материјалите и конструкциите. Тој придонесува во наставата од прв, втор и трет циклус на студиите преку предавања и развој на наставни програми од областа намеханиката на материјалите и сродни дисциплини.
Учествувал во национални и меѓународни научно-истражувачки проекти, поттикнувајќи интердисциплинарна соработка и трансфер на знаење. Проф. Витанов активно е вклучен во менторирање на млади истражувачи и докторанди.