Проф. д-р Елена Думова-Јованоска e член на Катедрата за теорија на конструкции и компјутерска анализа. Дипломирала во 1987 година на Градежен факултет-Скопје при УКИМ, магистрирала во 1992 година а докторирала во 1999 година на Градежен факултет-Скопје при УКИМ. На прв циклус ги предава следните предмети: „ Теорија на конструкции 1“ и „ Основи на асеизмичко проектирање“ на СП Градежништво. На втор циклус ги предава следните предмети: „ Динамика на конструкции“, „ Асеизмичко проектирање згради “,„Асеизмичко проектирање инженерски к-ции “ и „ Мониторинг и идентификација на к-ции“ на СП Градежништво-конструктивна насока и „ Оцена на ризик од земјотрес и мерки за заштита“ на листата на УКИМ. На третиот циклус ги предава следните предмети: „ Динамика на конструкции 2“ и „ Сеизмичка повредливост на к-ции“ и „ Постојан мониторинг на конструкции “ на СП Градежништво.