Доц. д-р Маријана Лазаревска e член на Катедрата за организација и технологија на градење. Дипломирала на Градежен факултет-Скопје при УКИМ во 2005 година каде и магистрирала во 2010 година а докторирала во 2014 година на Градежен факултет во Подгорица, Црна Гора. На прв циклус го предава следниот предмет: „Менаџмент во градежништво“ на СП Градежништво и СП Геотехника, „Организација и технологија“ на СП Геотехника и „Менаџмент и организација на инвестициска изградба“ на Архитектонски факултет при УКИМ. На втор циклус го предава следниот предмет: „Одбрани поглавја од менаџмент во градежништво“на СП Градежништво и СП Геотехника.