Предавање „Rigging Engineering“ за студентите на Градежниот факултет
Локација
Градежен факултет
Датум
четврток 22. октомври 2026
Во 11:00
На Градежниот факултет – Скопје, во четврток, 22 октомври 2026 година, со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи предавање на тема „Rigging Engineering“ од Christopher S Kennedy, Rigging Engineer, во соработка со Bechtel и ENKA.
Предавањето е наменето за студентите на Факултетот и им овозможува од прва рака да се запознаат со тоа што претставува ригингот – планирањето и безбедното извршување на подигнувања и поместувања на тешки конструктивни елементи – при изградба на автопатски мостови и вијадукти. Преку искуството на предавачот од реални градилишта, студентите ќе добијат увид во практичната примена на инженерското знаење во изградбата на автопатишта што ги поврзуваат луѓето.
Сите студенти се поканети да присуствуваат.

