Лабораторијата по санитарна хидротехника се наоѓа на приземје на Градежниот факултет и има 80 м2 корисна површина.

Лабораторијата располага со следната опрема:

  • мерач на проток,
  • портален канал со променлив наклон,
  • пупни агрегати,
  • спектрофотометар- спекол 21,
  • апарат орсат – фишер KY -3,
  • печка за жарење,
  • апарат за дестилација на вода,
  • водно купатило,
  • калориметар,
  • аналитички ваги,
  • дигестор,
  • мерачи и претворачи на притисок,
  • мобилна опрема за анализа на квалитет на водата
  • и друго.

Image

Слика 1

Лабораторијата располага со поголем број на епрувети од различен вид и големина.
Лабораторијата е опремена со централна керамичка маса, лабараториски маси 3х3м, 2х2м, и соодветен број на витрини и лабoраториски столови.
Лабораторијата има посебен систем за обезбедување на вода со поголем проток и притисок, а е поврзана и на градската водоводна мрежа.
Лабораторијата има посебен систем за обезбедување на вода со поголем проток и притисок, а е поврзана и на градската водоводна мрежа.
Во лабораторијата е инсталиран песочен филтер под притисок со уреди за мерење на притисок и проток за хидрауличка анализа на филтерски материјали.
Во лабораторијата се обавувани истражувања на филтри под притисок и автоматски гравитациони песочни филтри. Се обавува физичко-хемиска анализа на сурова вода и друго.

Image

Слика 2

Image

Слика 3