Мисија и Визија

МИСИЈА

Мисијата на Градежниот факултет – Скопје ја креираат и спроведуваат органите и телата на Факултетот, наставно-соработничкиот кадар, студентите и службите. Покрај Факултетот, во реализацијата на мисијата се очекува свој придонес да имаат  органите и телата на Универзитетот, ресорните министерства и субјектите што соработуваат во областите на градежништвото, геодезијата и геотехниката, како и другите со нив поврзани научни, истражувачки и стручни домашни и меѓународни институции – соработници на Факултетот.

        „Мисијата на Градежниот факултет како единствена високообразовна и научноистражувачка институција од овој вид во Република Северна Македонија е да се посвети со својот целосен потенцијал во образување на идните инженерски кадри и унапредување на знаењето и достигнувањата во областа на градежништвото, геодезијата и геотехниката.

Мисијата на факултетот може да ја исполниме само преку посветена работа и активности во неколку клучни правци.

Прво, факултетот ќе продолжи да обезбедува висококвалитетно образование и обука во сите градежни дисциплини, опремувајќи ги студентите со потребните знаења, вештини и етичка основа за успешна кариера.

Второ, со поддршка на Европските програми и фондови ќе овозможат најсовремени истражувања кои ги поместуваат научните граници и професионалните достигнувања во градежништвото, придонесувајќи за решенија за општествените предизвици и нудејќи им на студентите можности за истражување и надградба.

Трето, факултетот ќе служи на заедницата и на професијата преку експертиза, консултации и програми за достапност. Четврто, факултетот ќе го поттикнува и стимулира иновацискиот и креативниот дух, охрабрувајќи го развојот на нови технологии и методи за справување и со сегашните и идните општествени и професионални предизвици.

Конечно, мисијата на Градежниот факултет, била и ќе остане, да  образува високо компетентни инженери подготвени да ја проектираат и градат идната и да ја одржуваат постојната градежната инфраструктура, а истовремено да го унапреди знаењето преку истражување и да му служи на општеството преку обезбедување експертиза и иновации во развојот во професијата.

 

ВИЗИЈА

Следејќи ги модерните образовни и научни трендови во високото образование, како и развојот на академските институции во регионот и пошироко, сметам дека:

        „Визијата на Градежниот факултет во Скопје е да ​​биде водечки центар на извонредност во образованието, истражувањето и иновациите, поттикнувајќи одржлив развој на професијата и справување со глобалните инженерски предизвици за подобрување на општеството.“

Визијата примарно е насочена кон обезбедување на самостојност, автономија и одржливост, надградба на досегашните постигнувања, но и забрзан развој во образовниот процес, научниот придонес, подигање на професионалните стандарди итн. Оттука, Градежниот факултет во иднина го гледам како една современа високообразовна и научна институција која ќе се носи рамо до рамо со универзитетите од соседството, но и  пошироко со оние од Европската унија. Исполнување на оваа визија ќе подразбере:

  • Квалитетно образованието и истражување: Да се биде водечки центар на извонредност во образованието и истражувањето во областа на градежништвото, геодезијата и геотехниката, како на национално, така и на меѓународно ниво, што вклучува и привлекување на врвни студенти и истражувачи во дејноста кои ќе доведат до висококвалитетни научни и стручни достигнувања.
  • Извонредност, иновативност и лидерство: Да се биде центар на извонредност, место каде постојано се работи на иновации во областа на градежништвото, геодезијата и геотехниката, развивајќи нови технологии, методи и решенија за справување со новите предизвици, се подразбира и институционалната вклученост во општествените процеси преку негување култура на креативност и претприемништво.
  • Општествена одговорност и поддршка на општествените процеси: Да се делува вон инстутиционалните рамки преку учество во работата на различни општествени платформи и да се стремиме кон значајно и позитивно влијание врз општеството преку придонес кон одржлив развој на инфраструктурата, подобрен квалитет на живот и решенија за критичните инфраструктурни предизвици.
  • Пошироко признание: Да се постигне поголемо меѓународно признание за своите студиски програми, истражувања и експертиза на факултетот. Истото може да постигне преку зголемување и учество меѓународни соработки, размена на студенти и публикации во највисоко рангирани списанија.
  • Создавање на квалификуван инженерски кадар: Да се образуваат квалитетни кадри со основни и проширени знаења, компетентност и вештини од соодветната специјалност, оспособени да одговорат на современите барања во професијата и трендови на пазарот.

 

СТРАТЕГИЈА ЗА КВАЛИТЕТ И РАЗВОЈ

Обврската на управување на една високообразовна институција како што е Градежниот факултет – Скопје е сериозна и со себе носи голем број на предизвици и одговорност. Затоа, за успешно раководење и делување во повеќе правци или полиња со видливи резултати во одреден временски период, како прво и основно, потребно е носење на долгорочна стратегија за квалитет и развој која треба да дефинира стратешки и специфични цели, но и соодветни мерки и активности. Оттука, ќе се залагам токму овој документ да биде еден од првите кои ќе ги усвои и донесе новата Деканатска управа на факултетот. Оваа стратегија треба да биде составена од краткорочни и долгорочни мерки кои ќе ги адресираат сите предизвици, но уште позначајно ќе понудат соодветни решенија. Надлежност за изработка на истата ќе ја имаат телата и комисијата за развој и унапредување на работата на Градежниот факултет, а истата ќе се базира врз основа на досегашните Извештаи од самоевалуација на работата на Градежниот факултет. Тој треба да претставува своевиден акциски план кој ќе биде прифатен и следен од сите наредни управи на факултетот. Истовремено, преземамe обврска успешноста во работата да биде оценувана согласно овој стратешки документ и обврските преземени од него. Стратегијата ќе ги дефинира приоритетите на делувања во следниот период, но исто така ќе предложи и конкретни мерки меѓу кои свое место ќе најдат некои од следните.