Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТСЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ЗА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2024/2025 ГОДИНА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТСЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ЗА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2024/2025 ГОДИНА

Запишувањето на летниот семестар во iknow системот е задолжително пред да ги донесете документи на шалтерите на студентскиот оддел во период 10-20.февруари2025.

За студентите на втор циклус на студии на Градежниот факултет во Скопје, од сите студиски програми, запишувањето на летен семестар, во учебната 2024/2025 година, на шалтерите на студентскиот оддел ќе се врши во на 26. и 27.февруари од 10,30 до 13,30 часот

Потребни документи и уплати:

Индекс;
Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во iknow
Пријави за испити во хартиена форма за сите предмети кои ги запишувате во летен семстар (пополнети со основните податоци кои важат за наредните 3 сесии);
Уплатена партиципација од 24.600 ден. за семестар или по кредити (1 ектс = 827 ден.) преку iknow системот или вирмански на Градежен факултет Скопје на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600104219 788 15 приходна шифра 723012, програма 41, цел на дознака: партиципација и бр. на индекс! 
Уплатени 100 ден. за eл. обрасци за запишување и заверка на летен семестар 2024/2025 година преку iknow системот или вирмански на УКИМ на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41, цел на дознака: ел. обрасци и бр. на индекс! 
Студентите кои ги положиле сите испити имаат обврска до магистрирањето да го запишуваат секој семестар со административна уплата од 1000 ден. на жиро сметката на Градежен факултет и 100 ден. на жиро сметката на УКИМ за ел. обрасци. Во цел на дознака наведете го бројот на индекс!
Студентите кои ги положиле испитите според Наставната програма за втор циклус на студии пред да поднесат пријава за изработка на магистерски труд, приложуваат уверение за положени испити со уплата од 200 ден.

Наставата почнува на 17.2.2025 година според распоредот на часови истакнат на web страната на Градежен факултет.

Распоред на часови за втор циклус, летен семестар 2024/2025;

Календарот на активности и неработни денови во 2024/2025година;

Покриеност настава за зимски и летен за втор циклус на студии 2024/2025;

Правилник за студирање на прв и втор циклус на студии;