Често поставувани прашања

Како треба да постапам за да се испишам од ГФ?

Ама ако сепак си одлучил, симни го барањето за испишување (преземи барање), пополни го и завери го во Архивата на ГФ, уплати 20 евра во денарска противвредност за испишување, 10 евра за уверение за положени испити (ако ти е потребно за запишување на друг факултет) и заедно со индексот достави ги во Студентската служба или прати ги сите документи на email arhivagf@gf.ukim.edu.mk.

Уплатите се вршат според Ценовникот.

Во прилог, потребна е и потврда од библиотека дека не должиш книги можеш да добиеш од Бибилиотеката или по email magdalena@gf.ukim.edu.mk и потврда од сметководство за сите платени обврски од email sonja@gf.ukim.edu.mk.

Постапката ќе биде реализирана во рок од еден до два дена.

Како да се запишам на 3 циклус на студии?

Според Конкурсот за запишување студенти на трет циклус (преземи конкурс) со завршен втор циклус на студии просек над 8,00 остварен од прв и втор циклус на студии, како и доказ за познавање на еден од трите јазици најчесто користени во Европската унија (англиски, француски и германски јазик).

Како да се запишам на 2 циклус на студии на ГФ?

Според Конкурсот за запишување студенти на втор циклус (преземи конкурс) со завршен прв циклус на студии на Градежен факултет или сродни студии.

Рангирањето на примените кандидати е според постигнатиот просек на прв циклус на студии.

Што треба по одбраната на дипломската работа?

Записникот од одбраната на дипломската/магистерска работа треба да се достави во Архивата на ГФ. За уверението студентот доставува уплатница на 85 евра во денарска противвредност (5250 ден.) според Ценовникот на ГФ, пополнет статистички лист ВОИ 50 за прв циклус, односно статистички лист ВОИ 80 за втор циклус и Изјава за матична евиденција на дипломирани и магистрирани студенти во главна книга (која може да ја превземете тука).

Уверението дека студентот дипломирал може да се подигне за два до три работни дена по дипломирањето.

Кога да пријавам дипломска работа?

Студентот може да пријави дипломска работа доколку има освоено минимум 140 ЕКТС- кредити на тригодишните студиски програми,според Правилникот за студирање на прв и втор циклус (презмеи Правилник).

Деканот, по предлог на студентот, ги определува менторот и темата за изработка и формира комисија за оцена и одбрана на дипломската работа.

Преземи Пријава за дипломска работа. Се пополнува во косултација со менторот и треба да биде потпишана од негова страна.

Прилог кон Пријавата се: уплата од 10 евра во денарска противвредност според Ценовник за уверение за положени испити, потврда за платени обврски кон факултетот од сметководство или sonja@gf.ukim.edu.mk и потврда дека не должиш книги од бибилиотеката или magdalena@gf.ukim.edu.mk. Aко си земал стипендија додека си студирал, наведи го и тоа.

Колку кредити смеам да запишам во еден семестар?

Радовните студенти смеат да запишат најмногу 35 кредити во еден семестар. На студентите со просек над 8,50 може да им се дозволи запишување на најмногу 40 кредити со писмено барање до Деканатот и задоволена условеност на предметите.

Потврда за редовност/уверение за положени испити…

Што ми е потребно за да добијам потврда за редовност/уверение за положени испити/извод од досие?

Потребно е да се достави индексот со запишан тековен семестар и уплатница соодветна за потврда, уверение или извод според Ценовникот на ГФ.

Како да поништам оценка/преполагам испит?

Студентот треба во рок од 24 часа да поднесе писмен приговор до Деканатот ако не е задоволен од завршното оценување или смета дека испитот не е спроведен во согласност со Законот за високото образование. Наставникот ќе ја преиспита оценката и ќе закаже термин за повторен испит. Ако наставникот не сака да ја преиспита оценката, студентот го полага испитот пред тричлена комисија во наредните 24 часа или наредниот работен ден.

Доколку студентот е задоволен од оценувањето, но смета дека може и сака да научи за повисока оцена, доставува писмено барање до Деканатот на ГФ да му се овозможи да го преполага испитот. Ова барање треба да биде поднесено во период од најмногу 4 месеци од денот на првото полагање.

Како треба да постапам за повторно запишување на ГФ?

Многу паметно од твоја страна, уште недипломираните студенти добиваат понуди за вработување…

Потребно е да ги донесеш уверенијата и дипломата од средното образование, изводот од матичната книга на родени, уверението за државјанство, индексот (ако си го сочувал, или да го објавиш за изгубен (процедура од прашање бр. 1) и уплатница од 10 евра во денарска противвредност според Ценовникот на ГФ. Според член 323 од Статутот на УКИМ, бидејќи еднаш си го искористил правото за студирање во рамките на државната квота, преминуваш во квота со кофинансирање.

Како треба да постапам ако го изгубам индексот?

Внимавај, не прави го тоа! Индексот е личен документ…ти лично треба да внимаваш на него….

Ама ако се случи тоа, прво почекај седум дена и проверувај на портирницата на ГФ, како и во Студентските Служби на ГФ и АрхФ.

Ако не се појави “од некаде”, тогаш објави го за неважен во Службен Весник (https://euslugi.slvesnik.com.mk/Announcements.aspx), уплати 30 евра во денарска противвредност според Ценовникот на ГФ, купи нов индекс, залепи една фотографија и пополнет достави го во Студентската служба.

Како да пријавам магистерска работа?
Што ако ја изгубам дипломата

Што ако ја изгубам дипломата?

1. Објава во службен весник на РСМ дека дипломата е изгубена
2. Барање преку архивата на факултетот за издавање на дупликат диплома (се приложува објавата од службен весник и податоци за дипломирање, копија од диплома, уверение и сл.)
3. Уплата за уверение и изработка на диплома 5250 ден. на жиро сметката на Градежен факултет и 3000 ден. на жиро сметката на Универзитетот Кирил и Методиј со назнака за дупликат диплома
жиро сметката на Градежен факултет 100000000063095, со сметка на буџетски корисник 1600104219 788 15, приходна шифра 723012, програма 41

жиро сметката на УКИМ 100000000063095, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18, приходна шифра 723012, програма 41

Како да добијам диплома по итна постапка (пред промоција)?

Како да добијам диплома по итна постапка (пред промоција)

Поднеси барање за издавање диплома по итна постапка со твои податоци, уплата од 5250 ден. за диплома/додаток на диплома на жиро сметката на Градежен факултет и уплата од 3000 ден. на жиро сметката на УКИМ.

Дипломата се изготвува со датумот на поднесување, а според Правилникот за условите и постапката за издавање и за одземање на диплома и додаток на диплома за завршени студии на високо образование на УКИМ во Скопје (Сл. Весник на РСМ бр. 336, 1.6.2016), член 11, дипломата се изработува за 10 дена, од денот на доставеното барање, потпишано од Деканот.

жиро сметката на Градежен факултет 100000000063095, со сметка на буџетски корисник 1600104219 788 15, приходна шифра 723012, програма 41

жиро сметката на УКИМ 100000000063095, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18, приходна шифра 723012, програма 41

Изјавата за увид во досие
Дали мојот родител/старател може да има увид во моето студентско досие?
Со пополнување на изјавата за увид во досие, родител/старател може да има увид во досието на студентот.