ВОИ20

Предмет: Имплементација на нов начин на прибирање на податоците со образецот ВОИ-20

Почитувани студенти,

Сакаме да ве информираме дека Државниот завод за статистика (ДЗС), во соработка со Министерството за дигитални трансформации (МДТ), имплементира нов начин на онлајн прибирање на податоците со образецот ВОИ.20 преку услуга поставена на Националниот портал за е-услуги.

До услугата може да се пристапи директно на линкот: https://uslugi.gov.mk/service/obrazec-za-zapishani-studenti-na-dodiplomski-studii-na-fakultetite-i-visokite-struchni-shkoli-voi-5793 или со скенирање на QR-кодот:

Секој студент со активен кориснички профил на ниско ниво може да го пополни образецот и притоа од системот ќе добие два официјално потврдени документи со електронски печат на ДЗС:

  1. Генериран образец и
  2. Потврда за успешно доставен образец

Студентите се должни овие документи да ги достават електронски на e-mail voi20@gf.ukim.edu.mk

Овој начин ќе биде примарен за прибирање на податоците оваа учебна година бидејќи овозможува квалитетни, веродостојни и навремено прибрани информации.

Ве молиме најдоцна до 1 октомври 2025 година да ја доставите Потврдата за успешно доставен образец на e-mail адресата.