Во организација на Градежен факултет Скопје и компанијата Бехтел & Енка на ден 30.10.2024 година беше реализирана теренска посета
Во организација на Градежен факултет Скопје и компанијата Бехтел & Енка на ден 30.10.2024 година беше реализирана теренска посета на студенти од вториот циклус на студии и наставен кадар на градилиштето на трасата Гостивар – Букојчани, каде можеше да се види изградба на два моста и ископ на косина. Студентите имаа можност да се запознаат со основните карактеристики на објектите во изградба, со карактеристиките на трасата на делницата Гостивар-Букојчани како и со организацијата на градба на целата траса.