Announcements

Работилница во рамките на „Изработка и развој на план за управување со водните ресурси во поддршка на превенцијата и подготовката за пожари“

Во просториите на Градежниот факултет при УКИМ во Скопје се одржа втора работилница во рамките на „Изработка и развој на план за управување со водните ресурси во поддршка на превенцијата и подготовката за пожари“, која се реализира во рамките на Landscape Fire Management in the Western Balkans (LFMWB) Programme (https://lfmwb.net/).

Втората работилница беше посветена на втората фаза од студијата – разработка на стратегии и мерки за подобрување на достапноста на вода за навремена реакција во идентификуваните општини со највисок ризик- Кратово и Ранковце. На неа беа презентирани и дискутирани предлог-мерките за намалување на ризикот: изградба на нови отворени акумулации, наменски резервоари за брзо полнење на хеликоптери, проширување на хидрантската мрежа и адаптација на постојните акумулации за потребите на авионите за гасење пожари. Во предложената методологија беше дефиниран индекст на капацитет со кој се мереше и актуелната состојба и ефективноста на предложените мерки.

Упатуваме голема благодарност до сите учесници за отворената дискусија и вредниот придонес кон постигнување на поставените цели во студијата.